@anamarija_ardzanova: Lumea е една од моите омилени алатки за убавина што ги открив оваа година!
Ана-Марија (@anamarija_ardzanova) е девојка која освојува со својот авантуристички дух, ведрина и прекрасен изглед за кој таа посветува големо внимание. Таа милува да споделува делчиња од своите патувања низ светот, кои (ќе се сложите) влеваат инстант инспирација да се биде токму на тоа место, сега, веднаш.
Од неодамна, таа е дел од едно ново патување. Патување кои неа ќе ѝ обезбеди долготрајно мазна кожа без влакна, а кое се вика – Philips Lumea.
Во продолжение е нејзиното искуство и импресии од нејзината едномесечна дружба со решението кое направи среќни повеќе од 3 милиони жени во светот.
„Се запознавме сосема случајно… J, се шегувам. Ја забележав неодамна, на мојата ‘територија на изразување’ Инстаграм, кога една моја познајничка ги споделуваше нејзините искуства од користењето. Внимателно ги следев нејзините објави и нејзиното искуство, a дополнително, сама истражував и читав бидејќи за мене терминот IPL технологија беше познат како нешто што се прави само во специјализираните салони за убавина, и искрено немав добро искуство.
Кога ме контактираа да бидам дел од тестирањата, можете да замислите каква беше мојата реакција. Со задоволство прифатив и еве ме денес, дел од среќните девојки кои користат Philips Lumea. На самото „запознавање“, веднаш ми остави впечаток елегантниот дизајн, компактноста и привлечната rose gold боја, но искрено, баш ми беше куриозитет, т.е искрено по малку бев скептична, како може толку мал и компактен уред да направи толку видливи резултати. Имав милион прашања во главата: дали ќе имам резултати? Дали e навистина безболно? Дали е штетна за кожата?
Ова ми беше особено важно бидејќи имам многу цврсти и темни влакна, и се депилирам уште од мала. Уште имам трауми J според мене користењето на восок при депилација е најболно нешто, особено на бикини зоната.
Но, за среќа, сето ова е веќе минато!
Резултати забележав уште по првиот третман (можеби затоа што имам изразено црни и дебели влакна) и многу, многу пријатно се изненадив и си реков, којзнае какви ли ќе бидат резултатите по 3-от третман, кога се вели дека може да се очекува и до 92% намалување на растот на влакната!
- Еве сега, 1 месец од првата средба и по 3 направени третмани недвосмислено тврдам дека: ова е неверојатен и многу ефикасен уред за отстранување на влакна кој дава одлични резултати!
Ја користам Lumea-та за нозете и рацете и веќе има драстична разлика - многу побавен раст и помалку влакна, особено на нозете. Следно ќе започнам и со третмани на бикини зоната, па дополнително ќе ги споделам впечатоците и од овој третман.
Се уверив дека вистина има целосно безболно решение за долготрајно отстранување на влакната, единствено може да чувствувате благо пецкање кое исчезнува за момент. Овде ќе се навратам на моето искуство со депилација со восок, што е мноооооогу поболно.
И на самиот крај...
Топло го препорачувам на сите девојки кои сакаат да имаат безгрижно лето без влакна и без проблеми во комбинирањето на лесни парчиња облека.
Дефинитивно нема да згрешите ако ја купите. Ја препорачувам Lumea-та бидејќи навистина помага. Започнете со третман веднаш бидејќи нуди комплетна приватност и процесот е многу едноставен, не одзема многу време и можете кога сакате во текот на денот да го направите третманот. Замислете, 6 месеци мазна кожа без влакна! Која жена не би го посакала тоа?
Дознајте повеќе за Philips Lumea овде>>>