4 идеи за шминка во комбинација со розов кармин за да не изгледате нападно
Карминот во силна боја може да го надополни секој обичен изглед, но важно е да не претерате со останатата шминка и да изгледате пренападно.
Пролетната сезона е идеална за кармин во розови-циклама нијанси кои додаваат доза на самоувереност и суптилно го заокружуваат целосниот изглед.
Како што ја разигрувате гардеробата во топлите денови, така треба да направите промени и во торбичката со козметички производи.
Розов кармин е задолжителен детаљ за оваа пролет, но важно е како ќе го комбинирате со останатата шминка за да не изгледате нападно, смешно и кич.
Практикувајте некој од овие 4 начини на шминка за комбинирање на розов кармин:
Предлог бр.1
Впечатлива пудра и минимални контури + нагласени образи со хајлајтер и руменило + нагласени трепки со маскара + темно розов кармин
Предлог бр.2
Нежна пудра + нежно, розе руменило + светла сенка + маскара + светло розов кармин
Предлог бр.3
Нагласени црти на лице + мачкини очи со впечатлива линија туш + маскара +розов кармин
Предлог бр.4
Впечатливо нагласени црти на лице + светло златна нијанса на сенка + тенка линија туш + маскара + впечатлив розов кармин
М. М. | Црнобело