Познати дами кои никогаш не би ги „напумпале“ усните со силикони
Кејт Хадсон
За разлика од колешките, филмската ѕвезда не е толку радикална во однос на трансформациите со помош на естетски хирург или козметичар. Кејт Хадсон има искуство со мамопластика, ама не допуштила усните ниту да ѝ ги допре некој од специјалистите.
Гвинет Палтроу
Холивудската глумица во повеќе наврати има истакнато дека е сосема задоволна со изгледот што природата ѝ го подарила. Гвинет Палтроу затоа и не планира ништо да промени на себе.
Па, мала е веројатноста дека некогаш ќе ја видите со усни до половина лице. Освен ако не е шминка за некаква улога во прашање.
Кира Најтли
Убавиот изглед на актерката со британско потекло не имплицира присуство на полни усни. Да ги зголемеше, Кира Најтли веќе немаше да биде така единствена.
Многумина ја обожуваат и бидејќи се залага сите да се сакаат поради она што навистина се. Таа не дозволува ниту да се фотошопираат нејзините слики во магазините.
Лесли Ман
Се говори дека на глумицата повеќепати ѝ било предложено да ги зголеми усните, со образложение дека благодарение на нив, ќе доживее подем во нејзината кариера. Лесли Ман категорично ги одбила „добронамерните“ совети на оваа тема.
М. А. | Црнобело