Сте слушнале ли за „Синдром на смрдлива коса“?

Непријатниот мирис на косата после ноќ помината во зачаден клуб или напорен тренинг во сала, се решава со вода и шампон. Но, доколку и после миењето мирисот на косата ги пара вашите ноздри, тогаш голема е веројатноста да страдате од синдром на смрдлива коса.

Sindrom na smrdliva kosa 01

Експертите го споредуваат овој мирис со мирисот на мокри стари алишта или мокро куче. Непријатната миризба може да се ублажи со редовно миење, но не и да се искорени засекогаш.

Дополнителен проблем е социјализацијата, бидејќи непријатниот мирис може да влијае на вашата самодоверба, особено во друштво на спротивниот пол.

Важно е да знаете дека природата на проблемот нема никаква врска со тоа колку често ја миете косата. Причините за појава на синдромот не се познати - тој може да се појави во било кое животно доба и буквално преку ноќ.

Експертите велат дека поголема е веројатноста да се појави кај оние кои имаат природно мрсна коса бидејќи мрснотијата полесно ги прима нечистотиите и мирисите од околината.

Хормоналните промени или габичките што се развиваат на скалпот се уште еден можен извор на проблемот, а во тој случај неопходна е посета на специјалист кој ќе ви препише соодветна дијагноза и терапија.

Sindrom na smrdliva kosa 02

Подолгиот престој во простории со влага или претераното консумирање масна храна се вашите најголеми непријатели во оваа ситуација, бидејќи тие само го засилуваат непријатниот мирис на косата.

Она што треба да го направите, без оглед на причините за појава на синдромот, е да ја сведете на минимум употребата на средства за обликување на косата како лак, гел или силиконски капки.

Во одредени случаи, сапуните кои содржат сулфур може да помогнат, но експертите се уште не се едногласни во однос на решение за оваа состојба.

Со оглед дека не постои друго решение, почесто мијте ја косата со нежен, бебешки шампон. Регенераторот и маската нанесувајте ги само на врвовите, а еднаш месечно правете и длабинско чистење на скалпот.

Почесто менувајте го пешкирот за коса и навлаката за перница, а може да се обидете и со одредени природни алтернативи.

А. Ш. | Црнбоело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg