Храна поради која се будите со подуени очи и соодветна замена за неа
Правилната исхрана полека, но сигурно станува тренд и од едни или други причини, луѓето почнуваат повеќе да внимаваат на животниот стил.
Но, покрај тоа што внимавате на храната која прави да ви биде тешко или лесно, ве дебелее или не, треба да внимавате и на храната која ви влијае на убавината и здравјето.
Некои типови храна помагаат за заштита од различни заболувања, но може и да штетат на одредени органи.
Кога станува збор за убавината, свежиот изглед, но и добриот вид, има храна која прави вашите очи да се блескаво сјајни и здрави, како и храна заради која ќе се будите со отечени очи.
Храна заради која ќе имате здрави очи и свеж изглед:
Тиква
Тиквата е богата со елементи кои го одржуваат доброто здравје на очите. Витаминот А кој се состои во неа може да спречи катаракта.
Спанаќ
Спанаќот содржи лутеин – важен пигмент кој телоно не го лачи сам, но може да го добие однадвор. Се акумулира во ткивото на очите, во централната точка на ретината, каде се формира сликата која ја добива мозокот.
Бабура
Оваа пиперка содржи антиоксиданс кој помага за одржување на добро здравје на очите и ги штити од мрзливост.
Домати
Доматите се многу добри за очите бидејќи во големи количини содржат витамин А и Ц, што помага за полесна видливост во темница. Доматите исто така содржат антиоксиданси кои штитат од штетниот ефект на силната светлина.
Пченка
Богата е со зеаксентин, што ги штити леќите на окото и помага за подобар и појасен вид.