Зошто жените во Франција изгледаат неодоливо без многу труд?
Имаат едноставна рутина за убавина
Единственото нешто на што трошат повеќе пари се производите за нега на лице – тоник за чистење, крема за сонце и крема за навлажнување, а честопати додаваат на листата масло за тело и коса.
Користат само неколку неопходни производи, но сите се со добар квалитет, независно од цената.
Преферираат природен изглед на веѓите
Вистинските Французинки никогаш нема да ги видите со темно обоени веѓи – тие се грижат за нив и се трудат да им изгледаат впечатливо и природно.
Не држат диети
Тие не ни помислуваат да држат диети, бидејќи покрај краткотрајниот ефект на слабеење, тоа предизвикува уништување на кожата и недостаток на витамини. Тие јадат што сакаат, но во умерени количини.
Сакаат ладен туш
По топла купка, Французинките знаат дека е важен ладниот туш, бидејќи тоа ја стимулира циркулацијата на крвта и дава свеж изглед.
Се прифаќаат какви што се
Французинките не бараат услуги од пластични хирурзи, бидејќи тие се сакаат себеси какви што се, со сите маани и недостатоци.
M. M. | Црнобело