Зошто жените во Франција изгледаат неодоливо без многу труд?
Французинките важат за едни од најсредените жени кои изгледаат совршено од глава до пети, па нивните трикови за убавина секогаш ни се добредојдени.
Овие жени иако не ставаат премногу шминка и додатоци на нив, секогаш успеваат да изгледаат како да се 20 години помлади.
Французинките зрачат со нивниот шарм и природен сјај, а за тоа се заслужни нивните навики и трикови за убавина кои им помагаат да останат младолики на секоја возраст.
Кои се тајните за убавина на Французинките?
Не го контурираат лицето
Контурирањето им го покрива природниот сјај, па затоа тие сакаат само малку бронзер на образите за да изгледаат свежо и блескаво.
Не се срамат од несовршеност
Тие сакаат малку неред во изгледот и не се трудат секое влакно на косата да им е правилно поставено, или шалот да е правилно врзан.
Сакаат црвени усни
Секогаш може да го развеселите изгледот со црвен кармин, а парижанките се водат по тоа дека независно дали носите маичка и фармерки или фустан, црвениот кармин секогаш добро го истакнува изгледот.
Не прават француски маникир
Вистинските Французинки не прават француски маникир за кој треба да потрошите драгоцено време и пари, бидејќи тие се родени убави и го покажуваат тоа и со кратки нокти со проѕирен лак.
Несесерот не им е преполн со козметика
Наместо стотици козметички производи кои не се користат, Французинките имаат само 2 кармина – во природна боја и црвен.
Тие бираат лесни пудри за кожата да им сјае, но не нанесуваат по неколкупати во текот на денот, туку само еднаш.
За очи користат маскара, а за вечерни излегувања може да направат ефект на smokey eyes.
Па, нивните 6 омилени производи се – добра подлога, пудра со сјај, маскара, туш за очи и 2 кармина.