Витамин Ц со 30 портокали во 1 шише: Ова е новиот супермоќен серум со чист витамин Ц од Anew

Активен од првата до последната капка, новата формула на Avon содржи чист и моќен стабилизиран витамин Ц, за инстантен блескав сјај и освежен тен  

vitamin-c-so-30-portokali-vo-1-shishe-ova-e-noviot-supermokjen-serum-so-cist-vitamin-c-od-anew-001.jpg

25ти март, 2019 – Avon, првата компанија која го стабилизира витаминот Ц во 1996та година и е пионер во иновациите за нега  на кожа, го претставува ANEW серумот со витамин Ц, моќен препарат кој содржи 10% моќен, стабилизиран и чист витамин Ц за инстантно сјајна и блескава кожа. Едно шишенце од новиот ANEW серум ја содржи истата количина на витамин Ц која ја има во 30 портокали.

Витаминот Ц е неопходна состојка за сјајна кожа, кој нашето тело не го произведува. Овој моќен анти-оксиданс помага во заштитата од слободните радикали и видливо ги подобрува текстурата и сјајот на кожата, ги брише фините линии и го изедначува тенот. Но, бидејќи витаминот Ц може брзо да ја изгуби моќта при контакт со светлина и воздух, неговата ефикасност може да биде доведена во прашање. Токму затоа, со помош на експертизата и како прв бренд кој го стабилизирал витаминот Ц во 90те години од минатиот век, ние развивме моќна, чиста и стабилна формула која останува активна од првата до последната капка, со еднаква концентрација на витамин Ц која е содржана во 30 портокали многу повеќе споредено со другите производи со витамин Ц кои се нестабилизирани или се составени од деривати на витаминот Ц”, објаснува Ентони Гонзалес, Директор на регионалниот центар за развој на шминка и нега на кожа во Avon.

Развиен од страна на наградуван тим од Avon, составен од научници и експерти за убавина, новиот супермоќен серум ја има една од највисоките стапки на позитивна реакција во историјата на брендот ANEW: при клиничко испитување, 99% од жените изјавиле дека серумот го зголемил сјајот на кожата, додека 92% се согласни дека серумот ја направил кожата посвежа на изглед и допир. Исто така, 91% се согласни дека серумот на ANEW со витамин Ц ја направил кожата посветла, посјајна и ревитализирана.

Anew серумот со витамин Ц е соодветен за секоја возраст - за корисниците кои започнуваат да размислуваат за нега на кожата и за оние кои веќе внимаваат на негата, но сеуште се во потрага по серум кој ќе им го даде идеално блескавиот одморен тен. Сега, со новиот серум со витамин Ц од Anew, нивната потрага е завршена.

Како делува?

Серумот со витамин Ц од ANEW се нанесува наутро или навечер на чиста и сува кожа. На дланката се нанесуваат 1 до 2 истиснувања од серумот и со помош на врвовите на прстите, нежно се размачкува на чиста кожа со лесни движења нанадвор и навнатре, избегнувајќи ја областа околу очите. Дозволете производот целосно да се впие пред да го нанесете дневниот или ноќниот хидрантен крем за лице.

Новиот серум за зголемен сјај на кожата со витамин Ц од Avon е достапен преку најблискиот Avon Претставник. Повеќе информации за производот и онлајн порачување овде

За Avon

Над 130 години Avon се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните Avon брендови како Avon Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време.  Avon ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку Avon и Avon Фондацијата. Повеќе информации за Avon и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg