Топ 3 трендови од светот на шминката на кои со задоволство им кажуваме збогум во 2019
Трендовите доаѓаат и си одат, иако мора да признаеме дека овие се задржаа прилично долго кога станува збор за декоративната козметика и шминката. Најголемиот дел од работите што ги наметна т.н. „Инстаграм“ шминка дефинитивно треба да ги испратиме во историјата.
Ова се водечките три трендови кои ги оставаме во прав и заборав:
Усни со филери
Последниве неколку години се чини дека секоја втора девојка сонува за пополни усни, тренд кој го започна Кајли Џенер. Желбата да се има полни усни отиде до невидени размери, со вшмукување мали чаши со цел да добие повеќе волумен, до лажно пополнување со шминка и реално со т.н. филери за усни.
Последниот тренд вклучува корекција и пополнување на усните со хијалуронско пенкало, за кое се тврди дека е безболна метода без крв и опасни последици, бидејќи со текот на времето усните спласнуваат.
Сепак, велиме доста. Време е за нормални и природни усни, без никакво претерување.
Инстаграм веѓи
Дали е нормално да посветите повеќе од половина час во обликувањето и исцртувањето на веѓите? Дефинитивно не.
Строго обликуваните веѓи кои се доведени до совршенство со помош на моливчиња и гелови за таа намена, како и коректор за лице со кој се покриваат сите недостатоци изгледаат толку неприродно и остро, па со олеснување воздивнуваме додека го бришеме трендот од „правилникот за убавина“.
Силно контурирање
Да, контурите можеби му даваат длабочина на лицето и визуелно прават истото да изгледа послабо и издолжено. Но, заборавете на силното контурирање со темни бои, осветлувањето на одредени делови и т.н. „baking“ метод, односно „печење“ на шминката.
Време е за поприроден изглед кој лесно може да се постигне со кремави производи во стик наменети за контурирање и бронзери со прав.
(О)Милена | Црнобело