4 правила за користење гел лак
Гел лакот е вистински спас ако немате многу време за класичен маникир, а сакате ноктите да ви изгледаат беспрекорно. Додека обичниот лак трае 5-7 дена пред да почне да се лупи, гел лакот може да издржи две до три недели. Освен тоа, обезбедува и заштита на вашите природни нокти.
Но, издржливоста и заштитата си имаат своја цена, односно гел лакот може да ги направи вашите нокти кршливи и склони на лупење.
Ако често практукувате употреба на гел лак, тогаш треба да следите неколку совети за да ја задржите добрата состојба на вашите природни нокти.
Правете паузи
Бидејќи вадењето и нанесувањето на гел лак им штети на вашите нокти, дајте си простор помеѓу две нанесувања. Доколку ставате гел лак на секои две недели, го гушите вашиот природен нокт - тоа може да доведе до негова дехидрација и кршење.
Важно е да побарате совет до техничар за нокти кој ќе ја оцени состојбата на вашите нокти и ќе одреди кога да ги одморите.
Не носете го гел лакот предолго
Сигурно ви изгледа практично што гел лакот трае со недели, но препорачливо е да не се носи повеќе од две недели за да се избегне оштетување на плочите и кутикулите. Долгото носење на гел лакот не само што ќе допринесе за слаби нокти, туку им отвора врати и на потенцијално опасни бактерии.
Не отстранувајте стар маникир без професионална помош
Најбезбеден начин да отстраните гел лак е тоа да му го препуштите на стручно лице. Доколку не сте во можност, внимателно излупете го горниот слој за да го отстраните сјајот - тоа ќе му дозволи на ацетонот полесно да навлезе и да го разгради гелот.
Натопете топчиња памук во ацетон, ставете ги на секој нокт засебно и замотајте ги во алуминиумска фолија. Оставете ги така 10 до 15 минути, а потоа употребувајќи дрвена алатка за кутикули, избуткајте го гелот од ноктите. На крајот нежно поминете со турпија и нанесете масло за кутикули.
Користете масло за кутикули
Нормалните нокти се малку флексибилни, но колку се поцврсти, толку се посклони на кршење. Ладното време, ацетонот и други препарати што ги користите може да го исушат ноктот, па затоа пожелно е секогаш со себе да имате масло за кутикули.
А. Ш. | Црнобело