6 трикови за стилизирање на права, безживотна коса
Правата коса е навидум лесна за стилизирање - ќе ја измиете, ќе ја исушите, ќе ја врзете во опавче и имате едноставна, но елегантна фризура за излегување. Но од друга страна, оние со права коса може да потврдат колку е тешко да се задржат кадрици или да се додаде волумен на ваквата коса.
Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја стилизирате безживотната коса и да и дадете волумен кој нема да исчезне само што ќе излезете од дома.
Користете лесен шампон за волумен и регенератор за да формирате облога
Најважниот чекор до одличен волумен на косата се случува додека се туширате. Треба да користите лесен шампон за волумен и регенератор со навлажнувачки состојки.
Никогаш не ставајте регенератор на коренот
Регенераторот се користи секој пат кога ќе ја навлажните косата, но многу е важно истиот да го нанесете од средината надолу. Никако не треба да ставате регенератор на коренот бидејќи тоа ќе направи косата да изгледа мрсна и безживотна во рок од неколку часа.
Не плашете се од пената за коса
Денешната формула која се користи за производство на пена за коса е софистицирана и нуди одлична хидратација на косата. Нанесете пена кога косата е влажна и исчешлајте ја добро од коренот до врвовите.
Одложете го чешлањето со крупна четка
Наведнете ја главата надолу и сушете ја косата користејќи ги само вашите раце. Ова ќе извлече максимум од волуменот, а кога косата ќе биде 60-70% сува исправете се и досушете чешлајќи со четката за да ги измазните краевите. Внимавајте да не влечете премногу.
Одберете добар сув шампон
Сувиот шампон е вашиот најдобар пријател. Ќе добиете одличен волумен на косата доколку го користите врз лакот за коса. Испрскајте но не допирајте - лакот и шампонот ќе се соединат во цврст слој кој ќе овозможи долготраен волумен.
Сушете ја косата со фен за да ги активирате производите што претходно ги нанесовте
Можеби ќе бидете во искушение да го прескокнете фенот, но во тој случај сета работа досега ќе пропадне. Речиси сите производи за волумен бараат сушење со фен за да се активираат.
A. Ш. | Црнобело