Трикови за идеална шминка на очи за жени со зрела кожа
Очите се огледало на душата, без разлика на која возраст сме. Затоа, жените обожаваат да ги истакнуваат со соодветна шминка, но и со нега што одговара на зрелоста на кожата.
Како што минуваат годините, така се менува и кожата околу очите. Затоа, за да може да нанесуваат шминка, треба да применуваат неколку практични трикови.
Еве што сè треба да претходи пред нанесувањето:
Крема околу очи
Ова веќе сигурно го правите, но бидете сигурни дека ви е секојдневна рутина. Користете крема за околу очи што одговара на вашиот тип на кожа, а ако е потребно, менувајте ја во текот на годишните времиња. Треба да биде што похидратантна, а помалку мрсна.
Усогласете ги веѓите
Убава форма и густина на веѓи може да направи вашето лице да изгледа складно и визуелно тонирано. Обликувајте ги според тоа како ви се допаѓа, а користете и восок за нега или нијансиран гел, за да го добиете саканиот ефект.
Нанесувајте прајмер
Прајмерот се нанесува на целото лице, вклучително и на делот под очите. Тој создава одлична подлога за натамошното нанесување на шминката. На очниот капак користете специјална подлога наменета за нанесување под шминката за очи.
Внимателен избор на тонови
Избирајте природни тонови кои прекрасно се слеваат со вашиот тен. За подраматичен изглед можете да додадете сјајна сенка или светкав туш за очи, но внимавајте тоа да биде суптилно, а во исто време и ефективно. Размачкајте ги нежно линиите, за да нема остри граници.
Користете кремасти сенки
Кремастите сенки имаат подобра текстура за зрелата кожа. Имаат добра покривност и често се збогатени со хидратантни масла, кои дополнително ја негуваат кожата.
Не заборавајте на маскарата
Користете маскари кои се водоотпорни и кои нема да се ронат и да се насобираат во делот под вашите очи. Можете да користите и виткач за трепки.
Е. Д. | Црнобело