Природна русокоса со густи црни веѓи постојано добива смртни закани поради необичниот изглед (фото)

22-годишната Софија е модел која емигрирала од Кипар во Лондон, а подоцна и во Америка, трпеливо градејќи ја својата кариера. На Инстаграм ја следат над 305.000 луѓе, но убавицата постојано добива невкусни коментари, па дури и смртни закани поврзани со нејзиниот изглед.

Prirodna-rusokosa-so-gusti-crni-vegji-01.jpg

Имено, Софија е природна русокоса, а нејзините веѓи се густи и црни и наликуваат на оние на Фрида Кало. Таа понекогаш обожава да ги истакнува уште повеќе со помош на шминката.

Сепак, како што вели самата, има среќа што на нејзиното момче му се допаѓаат нејзините веѓи.

Русокосата Софија открила дека сосема случајно во 2014 година ги нијансирала веѓите и веднаш се вљубила во нивниот драстичен и впечатлив изглед.

„Никогаш не сум ја градела самодовербата според тоа како другите ме доживуваат. Во училиште ме малтретираа поради облеката, родителите кои се емигранти, фактот што не зборувавме англиски…“

Денес очигледно многумина имаат проблем со нејзините веѓи, но се чини дека ништо не може да ја разруши самодовербата на Софија.

Погледнете го нејзиниот впечатлив изглед:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Светските ѕвезди пред и откако ги променија веѓите (некои се непрепознатливи) Светските ѕвезди се доказ дека бојата и дебелината на веѓите навистина го менува...
Јован Кароски со мејкап совети за идните невести: „Розови тонови, природен изглед и пунџа за совршен... „Таканаречениот No мakeup тренд, односно природен изглед, е еден од трите најбар...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg