Што да направите утрото откако сте преспале со шминка?
Колку и да е грозно, речиси и да нема девојка на која не ѝ се случило да заспие со целосната шминка, било да е тоа од умор или од мрза да се отстрани пред спиење.
Веруваме дека сте личност која сигурно посветува доволно време на својата нега и дека ова е само грешка која најверојатно нема да ја повторите. Но, што се случува утрото потоа?
Лицето е масно и нечисто, маскарата размачкана, трепките залепени, а и самото чувство дека сте нечисти не прави да се чувствувате подобро. Затоа, дури и откако ви се случило да преспиете со шминка, веднаш по будењето треба да се посветите на нејзино отстранување и поинтензивна нега на кожата.
Што да правите за да спречите катастрофа?
Колку и да ви се чини дека не е така, штетата не е преголема, бидејќи ви се случило само еднаш. Но, почнете со мицеларна вода. Нанесете на парче памук и потоа пребришете го лицето.
Следен чекор е нежниот ексфолијант. Не користете груб пилинг, за да не предизвикате иритации и да го зголемите ризикот од акни. Потоа, исплакнете со млака вода.
Неколку часови не нанесувајте ниту серуми ниту креми, за да ги оставите порите кои биле затнати цела ноќ малку да дишат. Дури и ако ја чувствувате кожата сува и затегната, треба да почекате неколку часа, додека кожата самата да почне да ги произведува природните масла.
Што се однесува до пределот околу очите, обидете се никогаш да не заспивате со залепените вештачки трепки, бидејќи честици од лепилото може да навлезат во солзните жлезди и да предизвикаат затнување. Исто така, се зголемува и ризикот за инфекции и конјунктивитис.
Не заборавајте, ваквите пропусти не се опасни доколку навистина се случат 2-3 пати во животот. Сè што е повеќе од тоа може да ви создаде огромен проблем.
Најмалку што можете да направите е да ја избришете шминката со влажни марамчиња за отстранување шминка пред да заспиете. Тоа е многу подобро, отколку да заспиете со целосна шминка на лицето.
Е. Д. | Црнобело