Жена го покажа грбот со акни по 18 години срам и покривање со пудра, со моќна порака
Порано се срамела од црвените лузни од акни на својот грб, но сега за првпат покажа пред светот како вистински изгледа со цел да ја поткрене јавната свест.
Плус сајз моделот Тиа Дафи (30) од Даблин откри дека има проблем со акните уште од 12-тата година и дека целиот свој живот се чувствувала засрамено од својот грб со црвени лузни од акните.
Таа е дел од суровата модна индустрија и целиот живот го покрива грбот со пудра, но откако нејзина блиска личност починала од рак на кожа, сфатила дека треба да го цени повеќе своето тело, какво и да е. Најважно е да е здраво.
Во проектот наречен „Skin Works“ учествуваат 60 жени кои ја прикажуваат својата кожа во сосема природно издание за да ја поткренат јавната свест околу проблемот со рак на кожата, а Тиа, која е дел од проектот, вели:
„Никогаш не носам маички што ми го откриваат грбот, а ако морам за некоја фототсесија тогаш го покривам со пудра. Секое лето плачам поради тоа, но откако еден мој пријател почина од рак на кожата, сакам да испратам порака дека најважно е кожата да ни е здрава“.
Тиа доби низа пофалби и фановите ѝ порачаа дека таа е убава како однадвор, така и однатре. Ѝ заблагодарија што ги покажува своите несовршености пред светот и што е инспирација за сите.
Тиа вели дека е благодарна што нејзината кожа е здрава и сега ја прифаќа со сите нејзини несовршености.
https://www.instagram.com/p/BumrYMknGnh/
С. С. | Црнобело