Каква е навистина косата на Аријана Гранде?
Првата, втората, третата, или, пак, можеби четвртата слика? Како мислите дека реално изгледа познатата пејачка во моментот?
Подгответе се да бидете изненадени, затоа што ниту еден од понудените одговори не е точен. Популарната музичка ѕвезда конечно ја покажа природната коса, откривајќи им на многубројните следбеници на Твитер како таа навистина изгледа.
Аријана Гранде цело време носи перики и екстензии, бидејќи со пречестото фарбање го има оштетено влакното уште од рана возраст, кога како девојче глумеше во детската серија што ја прослави. Сите фризури со кои денес се појавува се всушност лажни.
Популарната пејачка најпрво сподели фотографија од себеси на петгодишна возраст, признавајќи дека дваесет години подоцна, таа изгледа идентично кога ќе го извади препознатливото коњско опавче. Поточно, со кратка и кадрава темна коса.
https://twitter.com/ArianaGrande/status/1094692162510368768
Нејзините фанови беа љубопитни да ја видат во право светло, па инсистираа да им се прикаже каква е во сегашноста. И, на изненадување на сите, таа постираше видео со кое ја разреши мистеријата. Како ви се допаѓа во ова издание?
https://twitter.com/ArianaGrande/status/1094696382806380544/video/1
М. А. | Црнобело