По кој редослед точно се нанесуваат производите за нега на лице?
Негата на лицето бара сериозен пристап од ваша страна. Затоа и секогаш треба да знаете по кој редослед се нанесуваат козметичките производи.
Точно, тоа е многу важно, бидејќи сигурно не сакате да ги затворите порите и да ја спречите кожата да дише.
Следете ги овие упатства:
Лесни подлоги
Ова се всушност серумите. Серумот е лесен козметички производ кој содржи концентрирана количина на активни состојки кои ја хранат вашата кожа. Затоа е и логично да го нанесувате прв, на чиста кожа.
Витамински и минерални производи
Витаминските и минералните подлоги и серуми исто така треба да ги нанесувате први. Не го комбинирајте витаминскиот серум со хранливиот. Одлучете сѐ што точно ѝ треба на вашата кожа. Откако ќе нанесете серум или витамински производ, оставете 10-15 минути за убаво да се впие во вашата кожа.
Навлажнувачки креми и масла
Откако серумот се впил во вашата кожа, продолжете со навлажнувачка крема или со лесно масло. Доколку имате сува и проблематична кожа, можете да ги комбинирате овие два производа, со тоа што секогаш прв го нанесувате навлажнувачот, а потоа маслото. Ако користите помасен серум, прескокнете го маслото.
Заштита
Најгоре доаѓа заштитниот слој на козметика. Откако сè друго е убаво впиено во кожата, нанесете крема со заштитен фактор, која на површинскиот слој создава заштита од пробивање на УВ-зраците и нечистотиите.
Ноќна нега
На крајот од денот, измијте ги сите нечистотии од лицето, употребете мицеларна вода за чистење и нанесете ноќен серум или ноќна крема.
Е. Д. | Црнобело