Пред и потоа: Тинејџерките си го менуваат личниот опис за на Фејсбук и Инстаграм
Менувањето на личниот опис на фотките за на социјалните мрежи со помош на програмчиња за едитрање, за жал, сè повеќе станува навика и на младите во Македонија.
Искрено, сите сме виновни кога е правењето повеќе од една фотографија во прашање, па потоа бирање на најдобрата за на социјалните мрежи.
Сепак, некои отидоа предалеку и едитирањето на фотографиите го одведоа на едно сосема ново ниво. Ова особено е практика кај тинејџерите.
Не станува збор само за засилување на боите или подесување на фокусот, туку за истенчување на носот, истакнување на јаболчниците и зголемување на очите.
Со новите апликации за средување на фотографиите тинејџерките ги преминаа сите мерки. Тие си го менуваат личниот опис за да изгледаат „попривлечно“ за на социјалните мрежи.
Тинејџерки сами си ги средија фотографиите како што би направиле за на Фејсбук и Инстаграм:
С. С. | Црнобело