Дознајте ја тајната за младешкиот изглед и виталноста на познатите
Постои една тајна за здравје и убавина која им е позната на малкумина, но особено е проширена меѓу познатите личности. Таа подразбира користење на нешто целосно природно кое има неверојатно моќен ефект врз телото, при што истовремено се користи и како превенција и како лек за најразлични заболувања. Станува збор за терапијата со озон, постапка што се практикува уште од 19 век, а за која медицинските истражувања покажуваат дека има бројни позитивни ефекти врз организмот кои се видливи за брзо време.
Иако озонот како гас постои слободно во атмосферата, истражувањата покажаа дека дополнителните количини внесени во организмот делуваат навистина благопријатно. Бројни актери, музичари, врвни спортисти, водители и други познати личности со помош на дополнителни количини озон го одржуваат својот младешки изглед и виталноста на телото на која многумина им завидуваат. Всушност, озонот е тајната состојка која им помага секогаш да изгледаат свежо, здраво, расположено и со многу енергија.
Хранејќи го организмот со озон тие ги острануваат слободните радикали од телото, го регулираат антиоксидативниот баланс и ја подобруваат својата циркулација, со што во голема мера го одложуваат процесот на стареење. Озонот им помага да го надминат стресот и хроничниот замор, да ја подобрат мозочната активност и концентрацијата, да го зголемат либидото и да добијат повеќе сила. Професионалните спортисти, пак, во озонот гледаат сигурен партнер кој им помага побрзо да заздрават од спортските повреди на кои честопати се изложени.
Истражувањата во светски рамки покажуваат дека озонот го подобрува снабдувањето со кислород на ткивата и го подобрува вкупниот метаболизам, така што многу од познатите личности својата добра линија му ја должат и на овој гас. Со директно внесување озон во телото, познатите личности успешно вршат детоксикација на организмот по различните бурни периоди. Внесувањето го прават на различни начини, меѓу кои еден од најпопуларните, но и најкомплицираните, е преку земање на крв од пациентите која во специјална постапка се збогатува со озон и повторно се враќа во телото на луѓето.
Сепак, покрај комплицираните, постојат и едноставни методи на внесување озон во телото по орален пат, односно со конзумирање на озонирана вода или пак капсули збогатени со озон.