Пролетни фризури кои ќе бидат во тренд во сезоната што претстои
Зимата не е период од годината во кој може да се истакнеме со перфектен стил на косата, но затоа пролетта може да ни помогне и ние да се „разбудиме“ стилски и да експериментираме со косата.
Сувиот воздух, студот и триењето од капите прави трауми на влакната, од вас ќе бараат во текот на февруари да се посветите на нега на косата. Скратете ја, ставајте маски за обновување и користете соодветна козметика, бидејќи оваа пролет ќе се негува природниот изглед на чистата и здравата коса.
Значи, треба да ја миете редовно, но не пречесто и да дозволите природните масла да дадат природен сјај на косата. Исто така, едно миење практикувајте го со регенератор, а следното заменете го регенераторот со маска за длабинско обновување.
Откако тоа ќе го постигнете, можете да следите некој од овие трендови:
Модни додатоци со циркони
Светкави и впечатливи шноли и венчиња нека ја украсат вашата коса оваа пролет. Комбинирајте и за дневни изгледи и за свечени пригоди. Ослободете ја својата креативност.
;
Многу високо коњско опавче
Високото коњско опавче со убаво замазнета коса можете да го комбинирате со шноли и венчиња како на првиот изглед. Ако немате доволно долга коса, можете да ја врзете вашата во пунџа и врз нејзе да ставите вештачки додаток за коса. Предниот дел од главата зачешлајте го со чешел напрскан со лак за коса.
;
Отсекување на старите краеви
Многу девојки бараат само грубо отсекување на оштетениот дел, за да добијат поздрав и пополн изглед. Ваквото лежерно шишање преминува во свеж пролетен стил. Можете да ја носите и како што е природна и стилизирана со помош на преса за пеглање.
;
Големи шноли
Шнолите кои ги носевте во основно училиште се враќаат како тренд оваа пролет. Во сите бои и со различни дизајни, разиграјте ја секоја од претходно предложените фризури.
;
Бледи пастелни бои
Ако досега беа во тренд интензивните бои, оваа пролет повеќе ќе се носат нивните „измиени“ верзии. Црвена, розова, сина... изборот е ваш.
Е. Д. | Црнобело