Печурка русокоса: Боја на коса која сите ќе ја испробуваат во 2019
Новата година со себе ни донесе нови трендови во светот на убавината, меѓу кои и еден со чудно име – печурка русокоса.
Се работи за коса обоена и нијансирана во пепеласто руси тонови, кои кога ќе се спојат даваат нијанси на печурка.
Техниката на фарбање на косата е слична како и осветлувањето на прамените, а важно е градацијата на нијансите да биде вешто изведена, за тие да се прелеваат.
Бојата е малку потемна на корените, а продолжува со посветли нијанси и прамени.
Лесно може да се приспособи на русокоси кои сакаат малку да ја затемнат косата, но и на бринети кои сакаат да експериментираат или постепено да станат русокоси.
М. Д. | Црнобело