5 тајни за убавината на Јоланда - борбената мајка на Бела и Џиџи Хадид

Поранешната манекенка месецов наполни педесет и пет години. Гледајќи го нејзиното тело, повеќе би помислиле дека им е врсничка на славните ќерки. Како ли ѝ успева да остане во топ форма?

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-1.png

Јоланда Хадид (55) е мајка на три возрасни деца: ќерките Бела (22) и Џиџи (23), како и синот Анвар(19). Сите тројца се успешни модели.

Позади неа се два пропаднати бракови, ама и уште помачна битка со Лајмската болест.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-2.jpg

Има над три милиони следбеници на Инстаграм, со кои споделува моменти директно од козметичките салони, или, пак, дури и клиниките што ги посетува.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-3.png

Таа не ги крие своите години и не се срами да ја покаже фигурата или лицето без шминка на социјалните мрежи.

Резултатот е искрено воодушевување и завиден број на комплименти.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-4.jpg

Ова се петте тајни за убавината на Јоланда – борбената мајка на Бела и Џиџи Хадид:

1. Правилна исхрана

Јоланда е буквално опседната со здравата храна. Воопшто не ужива во „нездравите“ оброци, со исклучок на празниците. Исхраната ја промени од корен по дознавањето на дијагнозата.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-5.jpg

Поранешната манекенка секојдневно јаде многу овошје и зеленчук. Во фрижидерот секогаш има сокови, додека кујната ѝ е полна со витамини. Утрото го започнува со чаша топла вода со лимон.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-6.jpg

2. Фитнес

Омилено хоби на познатата мајка е јавањето коњи. Редовно наоѓа време и за јога, трчање и планинарење.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-7.jpg

Најважно според Јоланда е да се вежба на свеж воздух: „Така и тенот станува посвеж, а здравствената состојба се подобрува.“. Кога ѝ е потребен поинтензивен тренинг, таа избира бокс.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-8.jpg

3. Пост и детоксикација

Убавицата прави детоксикација на организмот еднаш месечно. Дента пие само вода со лимон и медитира. 

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-9.jpg

Пиејќи вода го прочистува телото од токсини. А, уште го применува и постот на интервали, кога паузата меѓу оброците е приближно осум часа.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-10.jpg

4. Кристали

Јоланда е љубител на кристалите. Сместени се околу нејзината куќа, во градината и на отворено. Таа редовно вежба медитација.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-11.jpg

Минатиот Божиќ им подари кристали на сите членови од семејството. Признава и дека не може да живее без нив: „За мене ова е начин да се врати енергијата и воспостави внатрешна рамнотежа.“.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-12.jpg

5. Вистинска нега

Омилениот лек на оваа прекрасна дама е шеа путерот. Јоланда го нанесува на телото за кожата да ѝ биде хидрирана, особено по изложувањето на сонце.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-13.jpg

Повеќепати седмично се капе во детокс купки. Освен кристалите, таа ги сака и етеричните масла, со кои вежба дишење. Уште едно нејзино правило е да не користи козметика во секојдвевниот живот. Нанесува тонирана крема и кармин за усни исклучиво на настани.

5-tajni-za-ubavinata-na-jolanda-borbenata-majka-na-bela-i-djidji-hadid-14.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg