Најдобрите совети за убавина за 2018-та од познатите модели
Иако сите сме свесни дека она што го гледаме на насловните страници е дело на многу шминка и добро осветлување, всушност и моделите се личности кои се грижат за себе.
Во 2018-та многу од нив споделија што е најважно во грижата и негата, што во основа е редовна хидратација и однатре и однадвор.
Но, сепак да се потсетиме што советуваа тие:
Алесандра Амбросио
Ангелот во пензија открива дека во својата козметичка торбичка секогаш има коректор. Таа избира кремаста структура, која ѝ нуди добра покривност. Исто така, секојдневно нанесува и навлажнувачка крема.
Џоан Смолс
Џоан Смолс избра хибриден маслен навлажнувач, особено за ладните месеци. Таа го обожава ноќниот серум на брендот Есте Лаудер, кој иако не е соодветен за нејзината возраст, таа смета дека според компонентите е токму тоа што ѝ треба. Ако имате кожа на која ѝ треба интензивна нега и навлажнување, побарајте сличен производ во парфимериите.
Џиџи Хадид
Џиџи Хадид е љубител на балсами за усни, без разлика дали се скапи или евтини. Таа никогаш не штеди пари доколку сака да си купи балсам кој ѝ се допаѓа.
Алијана Кинг
Моделот со неодоливи локни ја откри тајната на прекрасниот изглед - таа ја мие косата еднаш неделно, бидејќи витканата коса на тој начин останува поздрава. Кога ја мие, користи прочистувачки шампон, за од скалпот да ги измие наталожените остатоци нечистотија и козметички продукти за обликување.
Рози Хантингтон Вајтли
Неодоливата русокоса е опседната со негата на својата кожа и секогаш се консултира и со дерматолог и со козметичар кога треба да избере производи за себе. Таа обожава минерални производи за нега на кожата, од тоници, мицеларни води, па сè до лосиони за тело.
Е. Д. | Црнобело