Отворено со @antonijalokvenec и @angelagjorgieva: Моето патување до мазна кожа без влакна ... започнува и завршува со Philips Lumea

Антонија Локвенец и Ангела Ѓоргиева се две прекрасни девојки, особено активни на социјалната мрежа Инстаграм. Она што е заедничко и за двете дами, освен нивната природна убавина, грижа за својот изглед и самоувереност е и нивната дружба со Philips Lumea.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-01.jpg

Своето патување до мазна кожа без влакна со Philips Lumea тие го започнаа во ноември оваа година, a се веќе подготвени да говорат за резултатите и нивните искуства од користењето.

Со цел да ги видиме нивните впечатоци и ефикасноста на уредот, им поставивме неколку прашања за нивните рутини и методи за отстранување на несаканите влакна од телото, п.е.л. (Пред ерата на Lumea ?), но и резултатите по само 3 третмани.

1. Како се запознавте со Лумеа?

Антонија: За првпат пред неколку месеци, чинам беше на социјалните медиуми, кога за првпат уредот ми го привлече вниманието. А пак физички и во живо го запознав кога мојата најдобра другарка ја купи и почна се фали.

Ангела: Преку сајтовите на кои девојки споделуваа искуства. Само од далеку. Но, сега се радувам што денес и јас сум една од нив. Онаа која зборува и го споделува позитивното искуство од користењето на Lumea.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-02.jpg

2. Кој беше првиот впечаток кога го видовте уредот?

Антонија: Голема возбуда, но искрено и малку недоверба дека баш тој апарат може да ми обезбеди такви резултати.

Ангела: Убава на изглед, мала и компактна, а може да ги реши секојдневните проблеми на една жена или девојка.

3. Што ви беше првото што ви падна на памет кога видовте дека постои решение за долготрајно мазна кожа?

Антонија: Колку сакам секој ден во годината да е лето.

Ангела: Одлично, идеален уред за мазна кожа во домашни услови.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-03.jpg

4. Пред да започнете со употребата на Lumea, каков метод за отстранување на влакната користевте и што најмногу ви пречеше кај тој метод?

Антонија: Особено внимание посветувам на грижата за себе и своето дел. И во секојдневието, но и заради професијата, важно ми е секогаш да изгледам одлично пред камера. Па, како најпрактичен метод (како и повеќето од нас, нели) користев брич. Тоа што највеќе ми пречеше е дека влакната растат повторно за само 2-3 дена.

Ангела: Депилација со восок, каде што за разлика од Lumea, болката е неспоредлива, а барањето слободен термин кој ви одговара некогаш е луксуз.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-04.jpg

5. Која зона ја третирате?

Антонија: Целото тело, односно нозете, пазувите, стомакот и бикини зоната.

Ангела: Во сите области на кои Lumea се користи. Раце, нозе, бикини зона, пазуви, надусници.. ја користам максимално.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-05.jpg

6. По колку третмани забележавте резултати?

Антонија: На секој предел различно, на некои и после првиот, но на повеќето после вториот третман.

Ангела: После вториот третман влакната почнаа да се изретчуваат, а со секој нов третман, резултатите беа сè повидливи. 

7. Дали боли?

Антонија: Јас искрено имам висок праг на толеранција на болка, но Lumea-та во ниеден момент не ми преставуваше проблем. Третманите се сосема безболни, во споредба со сите други начини на отстранување на несаканите влакна.

Ангела: Не би ја нарекла болка, тоа е едно минимално пецкање и чувство на топлина, само на одредени места.

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-06.jpg

8. Во која зона забележавте најмногу резултати?

Антонија: Стомакот и нозете.

Ангела: Пазувите. Она што беше некогаш секојдневно бричење, сега се сведе на безболни третмани со одличен резултат. 

9. За крај, која е вашата препорака за оние кои се уште се двоумат дали да ја купат?

Антонија:  Инвестирањето во Лумеа е една од најпаметните одлуки кои можете да ги направите. Ви ветувам дека инвестицијата е мала во споредба со трајните резултати.

Ангела: Топло ја препорачувам. Искористете ги актуелните поволности и набавете ја уште сега, и подгответе се уште сега за во летото да уживате во мазната кожа. 

Па девојки, сонот за долготрајно мазна кожа може да стане јаве. Не дозволувајте да ви раскажуваат или само да читате за бенефитите на овој ваш одличен сојузник.

И, не заборавајте да ги следите искуствата на прекрасните @antonijalokvenec и @angelagjorgieva кои оваа зима ни се приклучија во тестирањето на Philips Lumea Prestige и со нас и со вас ќе го споделуваат своето искуство со Philips Lumea!

Земете ја својата нова најдобра пријателка – Philips Lumea Prestige и уживајте во мазна кожа дури и до 6 месеци!

antonijalokvenec-angelagjorgieva-philips-lumea-07.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg