Грешки во шминкањето кои повеќето жени ги прават во зима, а треба да ги избегнувате

Иако во лето можеби е поголем предизвик, сепак шминкањето во зима исто така не е лесно, барем кога сакате да добиете совршен резултат.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-01.jpg

Шминката во зима треба да биде отпорна на снег, да ја заштитите кожата од ладното време, и истовремено да биде доволно впечатлива, но сепак нежна за да не ѝ наштетите на кожата.

Повеќето жени прават неколку типични грешки при шминкањето, заради што постигнуваат лош целосен резултат.

Доколку не сакате да изгледате невкусно, не сакате да ја уништувате кожата и сакате дури и во зима да покажете беспрекорен изглед, треба да избегнувате одредени грешки.

Што не треба да правите во зима?

Грешка бр. 1 – Користите иста пудра како во лето

Најчестата грешка која жените ја прават е тоа што користат иста нијанса на пудра како во лето, но освен ако не одите на солариум во текот на цела година, во зима кожата ви е посветла за нијанса или две, па со тоа и пудрата треба да биде посветла.

Исто така, во зима треба да им дадете предност и на пудрите со погуста текстура и навлажнувачки ефект, па може да користите и целосно поразлична пудра, покрај менувањето нијанса.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-02.jpg

Грешка бр. 2 – Одбивате да користите крема за сончање

Облачното време создава кај жените погрешно мислење и тие одбиваат да користат крема за сончање, но дури и во зима, сонцето може да ѝ наштети на кожата и да предизвика предвремено стареење, посебно кога сте на планина.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-03.jpg

Грешка бр. 3 – Користите мат кармин

Во зима усните често се сушат и пукаат, а со мат кармините само го поттикнувате процесот и правите усните да изгледаат непривлечно.

Користете производи со покремаста текстура, кои ќе ги омекнуваат и штитат усните, посебно ако содржат витамин Е.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-04.jpg

Грешка бр. 4 – Сјај за усни

Сјајот за усни во зима прво е непрактичен доколку има ветер, или ставате марами и шалови околу уста, плус, има лош ефект на ладното, исто како кога ги лижете усните и предизвикувате полесно пукање.

Затоа, најдобро е да се држите до природните, навлажнувачки лабела или кармини.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-05.jpg

Грешка бр. 5 – Нанесувате камена пудра на „голо“ лице

Камените пудри или течните со мат ефект можеби помагаат при спречување на сјајот на лицето, но истовремето ја сушат кожата, што не ви е дополнително потребно во зима.

Во зима преферирајте пудри со кремаста текстура и навлажнувачки ефект, а ако ставате пудра во прав, задолжително нанесете прво основа.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-06.jpg

Грешка бр. 6 – Розови и виолетови нијанси на кармин

Во зима, може да си дозволите посилни бои на кармин, но омилените розови и виолетови нијанси подобро оставете ги за топлата сезона.

Овие нијанси може да изгледаат многу лошо, посебно ако ви е ладно и лицето ви е поцрвенето.

Плус, во зима аутфитот често се состои од потемни бои, на кои им одговара силна и богата нијанса на кармин.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-07.jpg

Грешка бр. 7 – Користите течно моливче или туш и обична маскара

Во зима, не смее да си дозволите снегот или дождот да ви ја размачкаат шминката, или пак насолзените очи од студеното време, па затоа задолжително користете водоотпорна маскара и моливче за очи.

greshki-vo-shminkanjeto-koi-povekjeto-zheni-gi-pravat-vo-zima-a-treba-da-gi-izbegnuvate-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg