Грешки кои момците ги прават во зима со негата на кожата
Некои би рекле: Што има машко да се мачка со креми? И секако, воопшто не се во право.
Кожата, без разлика дали обвиткува машко или женско тело, бара соодветна нега во зависност од типот и чувствителноста.
Зимата и сувиот воздух се подеднакво ужасни и за машката и за женската кожа, а грејните тела уште толку ја одземаат хидратацијата. Дополнително, во овој празничен период, влијаат и калоричната храна и секоја чашка алкохолен пијалак.
Заклучивме дека без разлика на тоа што сте момци, потребно е да си посветите особено внимание на својата кожа:
Најдете добра навлажнувачка крема
Студеното време и вештачкото затоплување придонесуваат да треба дополнително да ја навлажните својата кожа. Не се срамете да се консултирате со козметичар, дерматолог или со продавачите во парфимериите, за да го изберете најдобриот производ за себе.
Дозволувате кожата да се пресуши
Иако ви е јасно дека овој период не е поволен за кој и да било тип на кожа, сепак не преземате ништо. Затоа по некое време може да ви се случи да забележите лишаи на лицето или лупење на површинскиот слој.
Не користите пилинг
Ако некако досега сте сфатиле дека мора да се негувате, тогаш не заборавајте и на пилингот. Нежниот ексфолијант ги отстранува нечистотиите и изумрените епителни клетки, а во исто време создава идеална подлога за соодветната крема да делува поефикасно.
Не ги негувате усните и рацете
Не дозволувајте да ви испукаат усните. Користете балсам, во тоа навистина нема ништо лошо. Ако ви се суши и кожата на рацете, потребно е да нанесувате крема за раце, за да спречите поголема штета.
Е. Д. | Црнобело