Усни во боја на чоколадо – зимски хит по вкус на трендсетерките (фото)

Ако уште не сте одлучиле каков кармин да си одберете за почетокот на новата година, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

usni-vo-boja-na-chokolado-zimski-hit-po-vkus-na-trendseterkite-foto-1.png

Зимата ќе биде во знакот на чоколадните усни, така што карминот во ваквите тонови мора да се најде во вашата чантичка за козметика.

Шминкерите тврдат дека чоколадните нијанси се погодни за апсолутно сите жени. Важно е само да откриете која вам највеќе ви прилега.

usni-vo-boja-na-chokolado-zimski-hit-po-vkus-na-trendseterkite-foto-2.jpg

Не станува збор за една боја, туку за цел спектар од тонови, па може да биде со мешавина на кафе, капучино, или, пак, карамела. Не плашете се да експериментирате.

Вреди да се напомене и дека чоколадните нијанси убаво се комбинираат со секаква облека, а ќе бидат прикладни како во текот на денот, така и навечер.

usni-vo-boja-na-chokolado-zimski-hit-po-vkus-na-trendseterkite-foto-3.png

За да создадете совршен изглед со усни во боја на чоколадо, неопходно е тенот да ви е изедначен. Најдобро е да нанесете неутрални сенки на очните капаци, а не заборавајте и на малата количина хајлајтер.

Потрудете се и на трепките да им дадете посебен нагласок. Што се однесува до веѓите, пак, полн погодок ќе постигнете со природниот ефект.

usni-vo-boja-na-chokolado-zimski-hit-po-vkus-na-trendseterkite-foto-4.jpg

Од галеријата во продолжение, ѕирнете како трендсетерките го носат хитот на зимата, инспирирајќи се и самите да го прошетате на градските улици или ноќните забави:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
За бакнежи со вкус на чоколадо - Направете сами домашен сјај за усни Ако сте љубител на чоколадото (а кој не е?), зошто не се обидете да направите са...
Еднобоен маникир – летен тренд за девојки кои сакаат минимализам (фото) За лето, фаворит се „повеселите“ бои, како корална, па и зелена, но на исончана ...
Фризури и техники за фарбање со кои побрзо ќе си ја вратите природната боја на косата За да ја имате вашата, природна боја на коса, треба да ја чекате косата да порас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg