Како правилно да ја негувате и носите црвената коса?
Најпрво, треба да знаете дека црвената коса им одговара на жените и девојките чиј тен има розови поттонови.
Да се обои косата во црвена боја, значи и дека ќе треба да ја негувате поинаку отколку што досега сте навикнати. Но, тоа вреди, бидејќи токму црвенокосите девојки се поистоветуваат со сензуалност и страственост.
Доколку решите да ја обоите косата црвена, треба да имате предвид неколку нешта:
Подготовка
Ако косата досега ви била третирана со други бои, големи се шансите дека избраната нијанса нема да „фати“ така како што сакате. За разлика од другите бои, црвената се лепи најдобро за здрава коса.
Нега
Мијте ја косата со млака вода и користете шампони специјализирани за фарбана коса. Шампоните против првут го измиваат сјајот и интензивниот пигмент уште на првото миење.
Исто така, внимавајте во лето, бидејќи сончевото зрачење може лесно да ја избледи бојата и да ја претвори во безживотно портокалово купче влакна.
Шминка
Ако сте ја обоиле косата во црвено, треба да избегнувате драматична шминка на очите. Не ги фарбајте веѓите, бидејќи тоа изгледа нереално, а по малку и застрашувачки.
Користете дискретно розово руменило, светкава нежна сенка за очи и кармин во црвена нијанса која е различна од бојата на косата. Маскарата во кафеава боја е задолжителна.
Е. Д. | Црнобело