Ѕвезди кои не се срамат од нивните природни заби
Потполно рамните и снежно бели порцелани, без никакво растојание меѓу нив, претставуваат честа глетка кога познатите фаци им се смешкаат на фотографите, позирајќи на црвените теписи од мноштвото модни, филмски и музички настани.
Веројатно многупати досега имате слушнато за терминот „холивудска насмевка“. Богатите и славните личности од светот на шоу бизнисот редовно се подложуваат на скапи дентални третмани, сѐ со цел насмевката да им биде „совршена“. Ефектот не баш секогаш е убав за око, но за вкусовите не се дискутира.
Од друга страна, постојат и исклучоци. Тие не само што не се расположени да ги заменат со импланти, туку одбиваат дури и да ги исправат своите криви или раздвоени заби. Зошто?
Бидејќи сметаа дека благодарение на нив се разликуваат од морето останати глум(и)ци, пејач(к)и или модели со порцелани во устата. Eдна од нив е и aнгелот Лили Олдриџ.
Кои познати имиња ѝ се придружуваат на занесната убавица со несовршена насмевка?