8 едноставни идеи за шминка со кои ќе заблескате во новогодишната ноќ (фото)
Веќе на памет ја знаеме вообичаената рутина за шминкање која ни ја сервираат насекаде околу нас: подлога, пудра, коректор, пудра во прав, подлога за очните капаци, многу сенки, туш, бронзер, руменило, хајлајтер, вештачки трепки, уште неколку слоеви маскара, молив, кармин или сјај или пак двете.
И да не заборавиме на моментот наречен „baking“ или т.н. „печење“ на шминката со цел да се добие беспрекорен изглед. Навистина сме преуморни од совршената „Инстаграм“ шминка и сите тешки слоеви декоративна козметика налепени на нашето лице.
Зошто овој пат не би се одлучиле за поприродна шминка која нема да ви тежи на лицето?
Пред да потрошите цело богатство на шминки и неколку часови усовршувајќи го изгледот кој и онака е претежок за реализација, добро одморете се и одлучете се за едноставни, но прекрасни комбинации со кои ќе заблескате во новогодишната ноќ.
И секако – поминете си убаво, тоа е најбитно додека на лицето имате:
Бронзени „Smokey“ очи со нагласен хајлајтер
Нагласени долни трепки и светло црвен сјај за усни
Мат кафеава сенка во комбинација со бургунди кармин
Златна сенка + виолетов кармин
Металик црна сенка со облик на мачкино око и неутрални усни
Мат црна сенка со светкав туш во долната линија на окото
Кафеава сенка со додадени светки и „nude“ усни
Црвени тонови со сјајни усни слеани во истиот тон
(О)Милена | Црнобело