Ѕвезди чии лица во крупен план ќе ве исплашат или изненадат
Кои се славните личности што претеруваат со слоевите шминка? На кого годините имаат оставено длабоки траги на кожата? Кому акните и мозолчињата највеќе му задаваат маки? А, чиј тен е здрав, свеж и блескав?
Неодамна ви откривме какви се одблизу лицата на познатите фаци, кои редовно ги следиме во медиумите и на социјалните мрежи. Сега ја прошируваме листата со уште триесетина популарни имиња од светот на шоу бизнисот.
Инстаграм профилот со назив @ssstructure ги зумира и обработува постоечките фотографии на богатите и славните, „доближувајќи“ ги на ваков начин до обичните смртници, затоа што ретко имаат прилика да ги видат во живо.
Како изгледаат набљудувани од мало растојание? Ова се ѕвездите чии лица во крупен план ќе ве исплашат или изненадат: