Дали пилингот е добар за кожата со акни? Одговорот не е едноставен
Акните, без разлика дали се на лицето, грбот или рамениците, се фрустрирачка појава која предизвикува и стрес, но и намалена самодоверба поради нивното постоење.
Оние кои имаат проблеми со кожата, но и оние кои водат редовна грижа, знаат дека пилингот е клучен во одржувањето на порите чисти и во отстранувањето на вишокот мртви епителни клетки. Но, дали пилингот функционира при акни?
Мртвите ткива може да ги наполнат порите и да предизвикуваат воспаление и создавање себум. Од една страна, пилингот помага да се отстранат сите мртви клетки од површината на кожата.
Проблемот се појавува бидејќи кожата склона кон акни е и пречувствителна кон механички акции врз неа. Во одредени случаи, пилингот може да направи поголема штета од типот на црвенило и интензивно воспаление, доколку се применува врз кожа со акни.
Ако се претерува со пилингот, тогаш кожата премногу се чисти од природните масла и навлажнувања, па ги лачи поинтензивно, за да може да ги задоволи потребите на лицето. Во исто време, ваквата истриена кожа е и подложна кон патогени инфекции и воспаленија.
Каков пилинг да се користи?
Постои механички пилинг, во форма на гел со гранули, кој е лесно достапен за купување и е ефикасен за отстранување на мртвите ткива од кожата.
Но, доколку сте склони кон акни, подобро е да направите хемиски пилинг. Можете да се обратите кај козметичар или да купите средство за пилинг кое личи на обичен гел, но има својство да ја ексфолира кожата со помош на своите состојки.
Најважно е да одберете производ кој е соодветен на вашата кожа. Само на тој начин можете да бидете сигурни дека си ја давате потребната нега.
Е. Д. | Црнобело