Славни личности кои не ги кријат лузните на нивните тела
Кејли Куоко
Поради нејзината љубов кон коњите, телевизиската ѕвезда денес има две лузни на обете нозе. Кејли Куоко откри во една емисија дека се резултат на пад во текот на јавањето, по што животното дополнително ја „измалтретирало“.
Меѓутоа, глумицата се присетува со хумор на немилата случка, па вели дека благодарение на металните плочки, сега реагира посензитивно на временските промени, а дури може да предвиди и бура.
„Предноста од оваа ситуација е што знам кога ќе заврне дожд. Се чувствувам како 110-годишна баба која дава прогнози за невреме.“
Сандра Булок
И оскаровката има малечка лузна, а ѝ се наоѓа под левата веѓа. Како Сандра Булок се здобила со вакво „обележје“ на лицето?
Благодарение на мал инцидент што ѝ се има случено на глумицата во детството. Таа паднала во езеро и си ја удрила главата во камен.
Ариел Винтер
Додека мноштво жени штедат пари за операција со која ќе ги зголемат градите, таа заштедила за да го направи спротивното. Ариел Винтер со деколтето секогаш им го привлекувала внимание на припадниците од спротивниот пол, но на неа самата ѝ предизвикувало непријатности.
Ѕвездата не била дури ни загрижена за фактот што после процедурата, на нејзиното тело ќе се појават две лузни. Напротив. Храбро ги покажа на црвениот тепих, во пресрет на доделувањето на наградите SAG 2016. А, се огласи и на социјалната мрежа Твитер.
„Луѓе, постои причина зошто не се трудам да ги скријам моите лузни. Тие се дел од мене и воопшто не се срамам од нив.“
Тина Феј
Комичарката имала само пет години кога доживеала трауматично искуство. Играјќи си во дворот на нејзината куќа во Пенсилванија, одненадеж ѝ се приближил странец и со нож ѝ го расекол лицето на Тина Феј.
„Не размислував за лузната. Бев самоуверена како дете. Речиси и успеав да заборавам на неа. Ама, кога се појавив пред камера, ги замолив да ми ја снимаат само десната страна од ликот.“
Падма Лакшми
Ѕвездата со индиско потекло имала 14 години, кога во сообраќајна несреќа се здобила со тешка повреда на раката. Резултатот е лузна од десетина сантиметри.
Првично се срамела од неа, но со тек на времето, таа научила дури и да ја засака. Во дадено интервју, сега глумицата тврди дека не би ја остранила и ако постои таква можност.
„Си ја сакам лузната. Поради неа сум личност со занимлива животна приказна. Ме потсетува дека можам да преживеам било каква болка.“
М. А. | Црнобело