Широк струк, вишок килограми: 8 трикови како да ги криете маните на вашата фигура
Неистакнат струк
Многу жени имаат форма на „линијар“, па во ваков случај нагласете го со впечатлив ремен како Ана Курникова или пак со женствени кроеви на фустани како Гвинет Палтроу.
Нагласувањето на колковите може да го направите и со некое волуменозно здолниште или пак класичното тесно здолниште во комбинација со широка кошула горе.
Висока девојка + широки раменици
Да се биде висок не значи секогаш да се има само долги нозе, понекогаш со тоа доаѓаат и широки раменици и фокусот од нив може да го тргнете со V-израз, кој може да биде и на грбот.
За да ја балансирате должината на нозете и торзото може да користите фармерки со висок струк или пак класични панталони над глуждот како Лив Тајлер.
Ниска девојка
За ниските девојки Викторија Бекам е совршена инспирација. Одличен избор се панталоните ѕвонарки, кои може да бидат со висок струк. Тие додаваат сантиметри, особено во комбинација со високи потпетици.
Сара Џесика Паркер е уште една девојка од оваа група која ги истакнува нозете со тесни фармерки и високи потпетици. Поженствени избор прави Риси Витерспун со фустаните во форма на „триаголник“.
Големи стапала
Едноставно е - колку помалку отворени чевли, толку помалку внимание кон стапалата. Облеката исто така може да помогне во балансирање на сликата. Впечатливо фустанче или волуменозно здолниште ќе го одвлечат фокусот од вашите стапала.
Се разбира, најлесен начин за визуелно намалување на стапалата е со високите потпетици. Парис Хилтон го практикува тоа.
С. С. | Црнобело