Широк струк, вишок килограми: 8 трикови како да ги криете маните на вашата фигура
Како ниските девојки да си додадат сантиметри и да ги истакнат нозете? Како високите девојките да го оттргнат фокусот од нивните широки раменици?
Дали некогаш си го поставувате прашањето како познатите дами секогаш изгледаат толку добро?
Тајната е што тие си го знаат обликот на своето тело, поточно своите мани и предности, и се облекуваат соодветно за тоа.
Трикови како да ги криете маните на вашата фигура:
Широк струк + слаби нозе
Овој облик на тело се нарекува „јаболко“. Градите може да бидат големи, но слична големина е и струкот. Такви пропорции имаат Риси Витерспун и Бритни Спирс.
Тие носат облека со висок струк, фустани со ремен околу струкот и фустани и здолништа со А-форма.
На овој начин ќе го истакнете горниот дел од телото. Добро е да носите и V-израз како Кели Кларксон.
Широки колкови + тесни раменици
Во последно време илјадници девојки се стремат кон оваа форма и минуваат часови во теретаната. И сето тоа е во ред, сè додека не стапи пластичната хирургија на сцена.
Ким Кардашијан на пример сака да го истакне овој облик, но од друга страна Ријана сака да го сокрие. Таа носи А-кроеви и здолништа кои ја издолжуваат од половината надолу.
Широки раменици + тесни колкови
Ова е „пливачка“ фигура и ако сакате да балансирате во ваков случај користете ги триковите на Жизел Бундшен. Таа носи софистицирани здолништа до подот, опуштен крој кај рамениците и неистаканати ракави.
Важна е и играта со боите, па ако горниот и долниот дел од аутфитот ви се во различна боја визуелно ќе ги избалансирате рамениците и колковите.
Вишок килограми
За среќа, деновите кога стилистите препорачуваа полничките девојки да носат црна облека се зад нас. Денес одговорот одлично го демонстрира Ники Минаж.
Препорачливо е избегнување на принтови со ситни детали, како и животински дезен. Декоративните елементи нека бидат сведени на минимум, фокусот нека биде на некој цврст материјал со нагласени рабови и агли. Се разбира, ременот е секогаш добредојден моден додаток.