Не се исти во живо: Славни убавици кои признаа дека си ги уредуваат фотките
Дамите од светот на модата и шоу бизнисот немаат право на темни кругови под очите, целулит или оштетена коса. Нивниот изглед постојано е под лупа на јавноста, а тие сѐ поопседнати со апликациите за лажирање на истиот.
Да се биде ѕвезда не е така лесно. Цел свет ви бара мани и недостатоци, а откако ќе ги пронајдат, тогаш што побрзо информациите се шират низ медиумите и социјалните мрежи. Звучи страшно, зар не?
Мноштво познати личности внимателно ги одржуваат митовите за нивната привидна совршеност. Користат разни средства, а дел од нив се и алатките за фотошопирање на сликите.
Па, изненадува фактот што некои жени собраа храброст да кажат дека сите селфи фотографии со совршена кожа и полни усни, во суштина не се ништо друго, туку производ на визуелните ефекти од различните графички програми.
Ним не им беше срам или страв да откријат дека не се исти во живо. Ова се славните убавици кои признаа дека си ги уредуваат фотките:
Роузи Хантингтон – Вајтли (31)
Во интервјуто кое се појави на личната страница Rose Inc., познатата манекенка и актерка потврди дека ја користи програмата Фејстјун. Кога не ѝ се допаѓа состојбата на нејзината кожа, Роузи Хантингтон – Вајтли се одлучува за примена на моќниот уредувач на слики, кој може да ги отстрани сите неправилности.
Таа јавно го сподели и податокот дека има голем проблем со акните, поради што состојбата на кожата честопати ја оценува како незадоволителна.
„Не сум една од оние личности кои ја кријат љубовта кон Фејстјун. Понекогаш мојата кожа има лоши денови, или, пак, светлината не е изложена како што треба. Па, јас самата ги поправам фотографиите.“
Сара Сампајо (27)
Да се биде популарен модел претставува предизвик. Не смее да изгледате лошо под било какви околности. Дури ни ако сте болни или едноставно ненаспани, а уште помалце кога имате вишок килограми или се борите против целутитот. Затоа девојките од модната сцена се принудени да користат секакви трикови, вклучувајќи ги и апликациите за коригирање на лицето и телото.
Сара Сампајо призна дека и таа исто така го практикува Фејстјун. Меѓутоа, моделката не е горда на себеси заради ова.
„Направив непроценлива грешка кога почнав да го менувам своето тело со користење на Фејстјун. Сакав да бидам посигурна во себе. Гледајќи толку убави фигури на Инстаграм, тешко ми паѓа споредбата со нив.“
Клое Кардашијан (34)
Кардашијан сестрите се божиците на Фотошоп. И врапчињата на гранка знаат дека овие млади дами користат различни филтри и програми за корекција на изгледот. Клое, на пример, сподели слика од нејзината совршена фигура и потполно несовршена врата, па стана тема за потсмев на интернет.
Подоцна ѕвездата на реалното шоу даде контровезна изјава со која ја призна употребата на споменатата апликација. Старлетата наведе сосема изненадувачка причина, обвинувајќи ги хејтерите за направените грешки.
„Секојпат кога ќе објавам фотографија од моите нозе, сите коментираат дека колената ми изгледале за никаде. Такви се бидејќи сум оперирана, ѓубриња едни! Имав сообраќајна несреќа на 16 години. Оттогаш не можам потполно да се опоравам, па десната нога ми е секогаш потенка од левата. Се обидувам да ги направам исти со помош на Фотошоп, ама не со ослабнување на едната, туку задебелување на другата. Јас сакам големи и крупни бедра.“
Лаис Рибеиро (28)
Прекрасниот ангел на Victoria’s Secret не крие дека совршената кожа, без ниедна акна, всушност не е резултат на добра генетика и правилна нега на лицето, туку на повеќе различни програми.
Лаис Рибеиро, од друга страна, никогаш не го подобрувала изгледот на телото со слични техники, затоа што не сака да им наштети на младите фанови.
„Постои голема опасност во апликациите како што е Фејстјун. Тие им испраќаат порака на девојките дека убавината е недостижен луксуз. Што се случува кога една девојка ќе се погледне во огледалото, сфаќајќи дека никогаш струкот не ќе може така да го стесни? Никогаш не сум го обработувала своето тело, затоа што не сакам другите девојки да патат. Она што го гледате сега е она што го гледате и на Инстаграм. Не сум совршена.“
Криси Тајген (32)
Дури и бестрашните дами како неа, повремено бараат заштитник во алатките за уредување на фотките. Во 2015 година, сопругата на Џон Леџенд и мајка на две деца, наведе дека веќе не планира да го менува лицето и телото на ваков начин.
Криси Тајген во одреден момент забележала дека постои драстична разлика во нејзините слики со и без Фотошоп. Таа не си личела на себеси. Додаде и дека заборавила како изгледаат нормалните луѓе.
„Имам Фејстјун и Фотошоп. Едноставно не сакам повеќе да ги користам и нема да го правам тоа во иднина.“
Бизи Филипс (39)
Фотошоп користи и познатата глумица, ама наводно само за забава. Бизи Филипс го отвори профилот на Инстаграм во 2016 година.
Таа оттогаш си игра со повремено прилагодување на нејзините слики во наведената програма.
„Понекогаш ви е потребен само Фотошоп, за да отстраните сѐ што е непотребно од фотографијата и се преправате дека така изгледате во реалниот живот.“
М. А. | Црнобело