Како да изгледате свежо и средено, без да користите многу шминка?

Секоја девојка сака да изгледа совршено, а ретки се оние кои обожаваат да поминат со часови пред огледалото во шминкање и средување.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-01.jpg

Ниту една не би одбила да може да блесне во само неколку минути и да изгледа добро без многу шминка.

Очигледно со неколку трикови е возможно и тоа, а девојките кои не се љубители на шминка ќе бидат презадоволни што нема да мора да се „маскираат“.

Природниот изглед секогаш е во предност, но ќе мора да искористите неколку трикови за да добиете свеж и сјаен лик.

Одберете ги најдобрите и не заборавајте да ги практикувате:

Масажа со крема за лице

Кога нанесувате крема, правете си нежна масажа со движења од центарот на лицето кон страните.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-02.jpg

Чувајте ја кремата во фрижидер

Ако нанесете крема извадена директно од фрижидерот, полесно ќе ги сокриете трагите од недостаток на сон – темните кругови и отоците.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-03.jpg

Нанесувајте основа со мокро сунѓерче

За кожата да ви изгледано мазна и сјајна, потопете го сунѓерчето во тоник или топла вода, нанесете од основата на Т-зоната, а потоа распространете насекаде.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-04.jpg

Обојте го делот помеѓу трепките

Пополнете го со црно моливче делот помеѓу горните трепки, но бидете прецизни, важно е тоа да биде помеѓу нив во нивна линија, не погоре, не подолу.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-05.jpg

Нанесете малку руменило на капаците на очите

Ако сакате набрзина да му дадете свежина на лицето, без да се шминкате со многу сенки, нанесете руменило на образите, со четката поминете малку на горните капаци и ставете малку маскара.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-06.jpg

Експериментирајте со молив во боја

Ако не сакате црнила на очите, може да експериментирате со линии во впечатливи бои и контрасти.

Девојките со зелени очи, може да стават портокалова линија, синооките – да нанесат златно моливче, дамите со сиви очи може да се послужат со тиркизно моливче, а оние со кафеави очи, да експериментираат со виолетови или металик бои.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-07.jpg

Ставете коректор на усните

Ако не сте фан на кармините во силни бои, но не сакате да излезете без да ги нагласите усните, нанесете коректор по контурите на усните, исенчајте и нанесете проѕирен сјај за усни.

kako-da-izgledate-svezho-i-sredeno-bez-da-koristite-mnogu-shminka-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg