Страшна исповед: „Имплантите ме направија болна, а никој не ми веруваше“
Кариса Пукас е видео-блогерка популарна по својот канал на „Јутјуб“. Пред некоја година се чувствувала лошо, се онесвестувала, но и била депресивна. За сето тоа ги „обвинува“ силиконските импланти.
Ова е нејзината исповед:
„Два силиконски импланта стојат во пластична ќеса во мојот плакар. Двете силиконски капсули со големина на крофна се малку пожолтени и тоа е единствен доказ дека некогаш биле во моето тело.
Дел од мене сака да ги уништи. Но, тогаш не би имала потсеник што ме правеше болна толку време.Кога бев помлада мислев дека девојките со големи гради се попопуларни. За импланти се решив на 22-годишна возраст, кога дојдов да живеам во Австралија.
Внимателно го бирав докторот кој ќе ги направи моите гради од Б во ДД. Избрав силикони кои се изработени по најнова технологија, без ризик за пукање, истекување или други компликации.Бев возбудена, а сето тоа го снимав и објавив видео на својот канал како заминувам во сала.
По неколку часови, се разбудив со страшни болки, како слон да седи врз моите гради. Прво морав да носам компресивен градник, за силиконите да останат на место. По еден месец, се вратив на нормалните активности.
Но, наеднаш почнаа проблемите. Не можев да седам пред компјутер, не можев да кревам тешки предмети и често одев на масажи. Но, погледот во бујното деколте правеше да заборавам на проблемите.
По шест месеци станав анксиозна и од сè ми беше премногу. Мислев дека тоа е стрес, поради повторното селење. Но, состојбата продолжи и тоа го припишав на хормоните. Се будев ноќе, со тахикардии.
За да биде уште полошо, моето тело разви чудна миризба и колку и да се туширав, мирисав како на 'рѓосан метал. Па се појавија акни, потоа хронични болки во зглобовите - сè припишував на бурниот и активен живот.
Но, дури и вежбањето ми беше тешко. Пријателите ме нарекуваа 'бабетина' поради постојаниот умор. Ми велеа дека само го издувувам носот и дека вратот ми е чуден.Симптомите ми се влошуваа. Урината ми мирисаше ужасно, мразев секс, косата ми паѓаше, лошо гледав, имав вртоглавици, но го припишав тоа на 'стареењето'. Бев и на лекар, сите резултати беа одлични, па еден доктор дури и ме обвини дека ги измислувам сиптомите. Друг ми дијагностицираше ситуацијална депресија.
Почнав да внимавам што јадам, за да забележам која храна ми ги влошува симптомите. Но, се чинеше дека дури и водата ми прави гастроинтестинални проблеми.На моето момче му здодеа постојано да бидам болна, мислев дека во секој момент ќе раскинеме. Имав грижа на совест поради него.
Дури и на видеата добивав коментари дека не личам на себе. Моите следбеници знаеја дека имам импланти. И никогаш не помислив дека има поврзаност, сè додека не добив коментар да се информирам повеќе за 'болеста на импланти на гради'.
Поминаа пет години од процедурата и немав што да изгубам.Иако мислев дека моите гради немаат врска со мојата состојба симптомите се поклопуваа - ги имав истите симптоми како и автоимуната реакција на телото на имплантите: вртоглавица, хронични болки, тахикардии, непријатен телесен мирис, анксиозност и ендокринолошки проблеми.
Но кога состојбата ескалираше со воспаление, беше јасно: имплантите мора да се вадат. Шест месеци по нивното отстранување, јас магично оздравев. Ова е мојата приказна за млада девојка која уништи прерасни години. Најдов и други на кои им се случило тоа. Кај сите беше иста состојба.“
Кариса предупредува дека за оваа дијагноза не постои тест кој може лабораториски да ја потврди, ниту пак може да се докаже дека реакцијата на телото е поради силиконите.
Жените со истиот проблем ги имаат и истите симптоми. Постојат верувања и претпоставки дека се работи за инфекција предизвикана од самиот силикон. Само 2% од жените со импланти пријавиле симптоми различни од вообичаените, па најверојатно затоа и се ретки официјалните сознанија за нуспојавите од зголемувањето на градите.
Сепак, дури ниту нивното отстранување не е гаранција дека состојбата ќе се подобри.
Кариса сега има лузни кои се поголеми од оние кои послужиле за вметнување на имплантите. Своите силикони ги чува во пластична ќеса.
„Ги гледам и размислувам. Можно ли е тие навистина да беа причината за мојата страшна состојба?“
Таа понекогаш има проблеми со варењето, со слабост во мускулите или болки во зглобовите, но сето тоа е занемарливо помалку отколку во времето кога ги носела силиконските импланти. Своите следбеници ги советува дека кога и да прават нешто со своето тело, мора да бидат информирани и за добрите и лошите страни.
Е. Д. | Црнобело