Грешки при маникирот заради кои ноктите секогаш ви изгледаат несредено
Ако сте од оние кои не одат во козметички салони на маникир и сакаат сами да си ги средуваат ноктите, веројатно се мачите многу често додека да постигнете совршен ефект.
Излупен лак, несредени кутикули, недоволно добро намачкан слој лак и уште многу други работи прават ноктите и рацете да ви изгледаат несредено.
Затоа, не смеете да игнорирате неколку клучни фактори при средувањето на ноктите за да не ви изгледаат уништени, но и да не си наштетите со некои навики.
Кои се најчестите грешки при маникир кои не треба да ги правите:
Сечење кутикули
Можеби сте виделе како професионалните козметичарки го прават тоа, па го повторувате дома, но со сечењето оставате незаштитен отворен дел, заради што има ризик од инфекции.
Ако не сакате кутикулите да го покриваат ноктот, користете специјални стапчиња со кои само ќе ги туркате навнатре.
Не ставате основа
Базите се неопходни да ги ставате под лакот во боја за тој подолго да издржи, да не се лупи и пука.
Ставате дебели слоеви лак
Сите сакаат ноктите да им изгледаат впечатливо и моќно за помалку време, па многумина ставаат подебели слоеви за да го постигнат тоа.
Но, на подебелите слоеви им е потребно многу повеќе време да се исушат па побрзо може да се уништат ако допрете нешто.
Подобро е да ставате 2 тенки слоја отколку 2 дебели.
Турпијата ја движите во насока напред-назад
Стругањето на страничните делови на ноктот во насока напред-назад го уништува ноктот и предизвикува напукувања, па за да не го оштетите, стругајте со заоблени движења и само во една насока, а не напред-назад.
Не ставате лак на врвот на ноктите
Нанесувањето лак на страните малку во внатрешноста на врвот на ноктите ќе спречи маникирот да се лупи брзо, па не заборавајте да намачкате секаде лак.
Ги сушите ноктите под ладна вода
Многумина го практикуваат трикот за сушење нокти под ладна вода, но не може целосно да се исушат и најдобро е да почекате добро да се исуши лакот и подлабоко, а не само на површината.
Ако се брзате, дувајте ги со фен, но не од многу блиску.
Го тресете лакот
Многумина прво го протресуваат лакот пред лакирање, но со тоа се создаваат меурчиња кои подоцна се познаваат и на ноктите. Наместо да го протресувате, благо вртете го во хоризонтална позиција.
М. М. | Црнобело