10 неочекувани навики кои го забрзуваат стареењето
-->
Како со ставањето на вештачки трепки, пиењето од цевка и тегнењето на кожата при шминкање стареете предвреме?
На некој брчките му се појавуваат на 45 години, на некои на 25. Но, ова не е прашање само на генетиката, туку и на животниот стил.
-->
Навики кои придонесуваат за предвремено стареење:
1. Јадење многу слатки кои ги уништуваат влакната на еластинот и колагенот, па кожата станува потенка, сува и со брчки.
2. Сончање без крема со заштитен фактор поради што се забавува регенерацијата на клетките, а се појавуваат флеки на кожата.
3. Нанесување на шминка со затегнување на кожата при што настануваат оштетувања и доаѓа до пукање на кожата.
4. Избегнување на масажите на лицето додека нанесувате крема или го миете, поради што доаѓа до забавена циркулација во клетките.
5. Пиење преку цевка при што доаѓа до истегнување на усните во форма на булвата „О“, а со тоа и појава на брчки околу устата.
6. Драматично губење на килограми при кое кожата нема време да се адаптира на настанатите промени и станува висната, со стрии и губи од еластичност.
-->
-->
7. Пиење многу кафе, кое е диуретик и ја отстранува водата од телото, плус го зголемува нивото на хормонот на стрес кортизол.
8. Седење во неправилна поза, а со тоа прекин на правилниот доток на крв и недоволно кислород во кожата.
-->
9. Исклучување на мастите од исхраната, а со тоа сува и неквалитетна кожа поради недостигот од витамините А, Е, Д, Ф и К.
10. Ставање на вештачки трепки врз чија тежина влијае гравитацијата и се појавуваат брчки на очите.
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте
Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...