Како ѕвездите се борат со несоницата?

Дел од славните дами го открија своето оружје во битката против инсомнијата. Нивните тајни за мирен сон се изненадувачки лесни, или, пак, тешки.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-1.png

Сите сме свесни дека спиењето е од непроценлива важност за здравјето и убавината. Оптимални се осум часа сон во текот на ноќта – за правилно функционирање на организмот, свеж изглед и блескава кожа.

Меѓутоа, само малa бројкa на луѓе може да се пофалат дека никогаш немале проблеми од оваа област. Инсомнијата е честа појава, а се појавува барем во една фаза од животот на човекот.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-2.jpg

Наспроти славата и богатството, ѕвездите неретко се изложени на стресори заради бурната динамика на секојдневието, притисоците што ги носи популарноста, или, пак, личните проблеми на кои не се имуни.

Ова дефинитивно им се одразува на спиењето. Тие добро го знаат тоа, па користат разни методи да си обезбедат здрав и квалитетен сон. Неодамна ви откривме кои се позматите личности што стануваат рано, како и кога си легнуваат богатите и славните.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-3.jpg

Денес, пак, ви ги споделуваме тајните на повеќе холивудски убавици, кога е самиот ритуал на заспивање во прашање. Еве како ѕвездите се борат со несоницата:

Салма Хајек

Ако очекувавте некаков бабин рецепт од латино глумицата, веројатно ќе останете разочарани. Салма Хајек применува сосема модерен начин за побрзо да заспие и потоне во длабок сон.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-4.jpg

Пред одење во кревет, таа секогаш пие напиток со калциум и магнезиум. Двете одлични „таблети“ за спиење, имаат уште една предност – го подобруваат варењето.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-5.jpg

Миранда Кер

Некогашниот ангел на брендот Victoria's Secret, знае дека квалитетот на сонот е клуч за прекрасна кожа. Затоа и често се потпира на еден докажан лек – лавандата. Таа ја смирува и опушта Миранда Кер.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-6.jpg

„Пред спиење си ја намирисувам перницата. Ова е мојот ритуал. Лавандата има многу пријатен мирис, така што постојано си ја чувам покрај креветот во случај на несоница.“

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-7.jpg

Мараја Кери

Како вистинска дива, поп ѕвездата практикува кралски третмани. Мараја Кери смета дека воздухот во спалната соба е особено важен, па температурата секогаш ја одржува на 20 степени.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-8.jpg

За таа намена, поставени ѝ се повеќе навлажнувачи во близина на креветот. А, кога сака максимално да се опушти, пејачката ги користи и услугите на личниот масер.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-9.jpg

Леа Мишел

Пред одењето во кревет, младата глумица и пејачка си припрема чудесна напивка. Пијалакот на Леа Мишел го сочинуваат две едноставни состојки: топла вода и лимон.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-10.jpg

Според нејзините зборови, ваквиот напиток ѝ го олеснува процесот на спиење.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-11.jpg

Џенифер Анистон

Формулата на холивудската миленичка е проста и комплексна во исто време. Од една страна, не мора да барате пијалак со калциум и магнезиум, да припремате „чај од лимон“, или, пак, да ја украсите собата со навлажнувачи за воздух. Но, затоа ви е потребна цврста волја.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-12.jpg

Каков е нејзиниот совет? Џенифер Анистон препорачува да заборавите на мобилниот телефон, барем еден час пред времето за спиење. Исто така, глумицата сака да медитира, бидејќи на овој начим се ослободува од секојдневниот стрес, којшто секако има лошо влијание врз квалитетот на сонот.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-13.jpg

Гвинет Палтроу

Со омилениот ритуал на русокосата актерка сте сигурно веќе запознаени. Гвинет Палтроу долго време се бања во ароматична сол. По нејзино мислење, оваа метода не само што помага да заспиете побрзо, туку и ги чисти енергетските полиња.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-14.jpg

„Се капам секоја вечер пред спиење. Ваквиот ритуал ми го смирува умот и ја отстранува негативната енергија. На полиците имам мноштво различни соли, масла и пилинзи. Јас сум дефинитивно љубителка на овие третмани!“

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-15.jpg

Бела Хадид

Познатата манекенка честопати страдала поради недостатокот на сон. Меѓутоа, инсомнијата е минато во животот на Бела Хадид. Благодарение на еден трик, сега таа успева да спие како бебе. И наутро се буди свежа и одморена.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-16.jpg

Убавицата слуша листа на песни со смирувачка музика. Омилена ѝ е колекцијата од педесет најдобри мелодии за медитација, а признава дека веќе на четвртата песна е потоната во длабок сон.

kako-dzvezdite-se-borat-so-nesonicata-17.jpg

Чиј рецепт највеќе ви се допадна? Имате ли своја лична формула против несоницата? Споделете ги вашите искуства во коментари.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Боб фризурата е хит кај ѕвездите – ја носат и нашите славни дами (фото) Сара Мејс, Селена Гомез – боб фризурата со должина до рамената е хит кај славнит...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg