Зошто на лицето на жените се јавуваат несакани влакна?

Еден од најголемите моменти на ужас кај жените е кога ќе забележат барем едно несакано влакно на своето лице бидејќи во истиот момент знаат дека проблемот е многу повеќе од естетски.

shto-se-sluchuva-so-zhenite-koga-na-liceto-kje-se-pojavat-nesakani-vlakna-01.jpg

Во прв момент, секоја ќе се обиде да го искорне со пинцета, но влакното ќе се појавува пак, а некогаш ќе се појават и повеќе. И како и секогаш, причината за тоа се хормоните.

Проблемот може да биде и дерматолошки и ендокринолошки, а најчесто е комбинација од двете. Во најголем број случаи ќе треба да се зема препишана терапија, но секак, најпрво е потребно да се лоцира проблемот.

Оваа појава медицински се вика хирсутизам и е поврзана со осцилациите на нивото на хормонот тестостерон, кој иако е доминантен кај мажите, постои во некоја мала количина и кај секоја жена. Иако овие влакна лесно се отстрануваат со пинцета, депилација или со ласерска интервенција кај дерматолог, кога проблемот еднаш се појавил, треба да се проверува почесто дали се појавиле нови.

shto-se-sluchuva-so-zhenite-koga-na-liceto-kje-se-pojavat-nesakani-vlakna-02.jpg

Појавата на влакна е честа кај девојките кои страдаат од синдромот на полицистични јајници, бидејќи поради нестабилноста на нивоата на хормоните, може да се случи тестостеронот да предоминира во даден момент. Тогаш се појавуваат овие несакани влакна.

Но, дури и кај девојките со идеален хормонален баланс, може да се случи да се склони кон несакани влакна на лицето. Тоа може да е генетска предиспозиција или зрели фоликули од кои расте влакното.

Доколку забележите дека на вашето лице се појавуваат вакви влакна, најпрво лоцирајте го проблемот, а потоа барајте го соодветниот начин за нивно отстранување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg