Славни жени кои се чувствуваат подобро со повеќе килограми

Еден од најпознатите холивудски стандарди за убавина е дека припадничките на понежниот пол мора секогаш да изгледаат слабо. Од друга страна, постојат и ретки примероци на ѕвезди кои не се оптоваруваат претерано со тежината, спротивставувајќи се на нереалните очекувања што им се наметнати.

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-1.png

И, не само тоа. Јасно и гласно откриваат дека се задоволни во сопствената кожа кога се позаоблени. Ова се славните жени кои подобро се чувствуваат со повеќе килограми:

Кели Кларксон (36)

На почетокот од кариерата, огромен притисок се вршел над познатата пејачка, да изгуби што повеќе килограми и да изгледа слабо, налик на нејзините колешки. Кели Кларксон денес не размислува опсесивно за телесната тежина. И многу е посреќна со својот изглед.

„Бев страшно несреќна како слаба девојка. Однатре и однадвор бев несреќна четири години. Ама, на никого не му беше грижа, бидејќи изгледав онака како што требаше да изгледам.“

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-2.jpg

Кејт Винслет (43)

Британската глумица се наоѓаше на удар од критичарите, секојпат кога килажата ѝ варираше. Но, славната оскаровка ни малку не ја засегнуваат лошите јазици. Кејт Винслет има потполно исправен став на оваа тема.

„Сакам да си го одржам здравјето и менталната стабилност. Сакам да се чувствувам добро и среќно. А, освен тоа, сакам и да се забавувам. Ако преголем дел од своето време го трошите на погрешни работи, како што е тежината, тогаш заборавате да уживате во забавните нешта.“

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-3.jpg

Адел (30)

По големиот успех што го постигна во 2012 година, изгледот и бројот на килограми на музичката ѕвезда се мошне честа тема. За среќа, негативните коментари не допираат до Адел.

„Никогаш не сум гледала насловни страни од магазини, или, пак, музички спотови, мислејќи си дека мора да изгледам така како би била успешна. Не сакам да бидам некоја слаба девојка чии гради секогаш ќе бидат во прв план. Навистина не сакам да бидам таква. И не сакам луѓето да помислат дека тоа е она што мене ми е важно.“

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-4.jpg

Тајра Бенкс (44)

Откако престана да се занимава со моделство, Тајра Бенкс сфатила дека облините подобро ѝ стојат. Наспроти сите негативни критики кои поранешната манекенка ги добила на сметка на изгледот. Гостувајќи во емисија, на прашањето од водителката во што е нејзината тајна, таа одговори дека сега конечно „има задник“.

„Мислам дека е во прашање добивањето килограми. Изгледам како друга личност, затоа што имам повеќе тежина на своето тело и лице. Порано бев преслаба.“

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-5.jpg

Хилари Даф (31)

Американската глумица и пејачка со години води битка со килограмите. Меѓутоа, Хилари Даф воопшто не се оптоварува веќе со нив. Посебно по станувањето мајка.

„Постои огромен притисок за секогаш да изгледате средено. Јас повеќе не паѓам на ова. Ги гледате моделите како остануват бремени и имаат деца. А, веќе следната недела изгледаат како никогаш да не родиле. Во мојот случај не беше така. Некогаш се чувствувам одлично, некогаш не. И тоа е сосема во ред.“

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-6.jpg

Ејми Шумер (37)

Славната актерка и комичарка честопати била мета за критики поради вишокот килограми. Од друга страна, Ејми Шамер е задоволна со личниот изглед и тоа не го крие. Напротив. Смета дека изгледала непривлечно кога била послаба.

„Мислам дека е добро да видите некого како вели: „Имам стомак и имам целулит. И понатаму заслужувам љубов и за тоа не морам да се извинувам.““

slavni-zheni-koi-podobro-se-chuvstvuvaat-so-povekje-kilogrami-7.jpg

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум причини зошто некои жени се младолики над 40, а некои не Покрај генетиката над која немаме многу контрола, знаевте ли дека и начинот на к...
7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
4 најголеми грешки поради кои изгледате постаро отколку што сте Дебелите црни линии околу очите не им стојат на сите. Освен што е тешко да ...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg