Водич за мажи: Трикови со кои ќе имате густа брада

Мажите кои имаат густа и негувана брада, според многумина важат за помажествени и привлечни.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-01.jpg

Сепак, не сите мажи ја имаат таа можност да израснат густа брада и се мачат со ретките влакна или пак со чешањето кога се обидуваат да ја пуштат.

Не е лесно да се израсне густа брада, потребно е трпение, како и нега за постојано да изгледате средено.

Ако и вие се мачите со тенката и ретка брада, а сакате да го промените тоа, има неколку препораки кои ќе ви бидат од корист.

Како да станете „горди сопственици“ на мажествена брада:

Правило на 4 недели

Ова е првиот и најтешкиот чекор во кој повеќето најчесто се откажуваат, бидејќи бара многу трпение и издржливост.

Важно е да издржите 4 недели без да ја бричите брадата, а во тој период чешањето и иритацијата е најсилна, па затоа и посакувате да се откажете.

Но, за брадата да има потенцијал, мора да помине периодот од 1 месец и да бидете издржливи.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-02.jpg

Негувајте ја кожата

Ако успеете да издржите 4 недели и ви пораснала каква-таква брада, следниот чекор е нега на кожа.

Важно е редовно да ја миете брадата и да ја одржувате чиста, а не запуштена, да ги отстранувате мртвите клетки со пилинг и со тоа да спречите внатрешни влакна, како и постојано да ја одржувате мека.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-03.jpg

Вежбајте редовно

Иако можеби звучи чудно, редовното вежбање ја подобрува циркулација на крвта, што влијае позитивно на брзината на растот на влакната, како и на квалитетот.

Освен тоа, вежбањето го поттикнува телото да лачи повеќе тестостерон, кој исто така придонесува за поздрави и цврсти влакна.

Контролирајте го стресот

Веројатно веќе ви е јасно дека стресот е главна пречка во сите процеси, па така влијае негативно и на растот на брадата, бидејќи кога сте под стрес, телото лачи повеќе кортизол, што влијае на лачењето на тестостерон.

Внимавајте на исхраната

Здравата исхрана е важна за сите, а оние кои сакаат да израснат густа брада, треба да внесуваат повеќе производи богати со протеин. Јајца, јаткасти плодови, овошје богато со витамин Ц и доволни количини на вода се неопходни во исхраната.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-04.jpg

Земете суплементи

Покрај храната која треба да ја консумирате, неопходно е да внесувате и доволно железо, цинк, витамин Б, Д и Е, како и магнезиум кои може да придонесат за здрава и густа брада, а многумина имаат недостиг од нив.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-05.jpg

Користете масла

Кога времето е екстремно ладно или топло, важно е да се одржува влажноста на кожата и да се заштитат влакната на брадата од оштетување, па затоа најдобро е да нанесувате тенок слој масла за брада, а би било одлично доколку содржат јојоба.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-06.jpg

Кратете ја и обликувајте ја редовно

Доколку не сте доволно вешти или немате соодветен прибор, можете да одите на бербер, но запомнете дека тоа треба да го правите дури по првите 4 недели. Кратете ја брадата на секои 2-3 недели, зависно од интензитетот на растот на влакната.

Користете балсами

Освен што треба редовно да ја миете со вода и шампон, треба да користите и специјални балсами кои овозможуваат побрз раст, ја одржуваат во форма и ја прават посјајна и негувана.

trikovi-kako-da-imate-gusta-i-mazhestvena-brada-duri-i-ako-vi-izgleda-nevozmozhno-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg