Како ѝ мириса семејството на Ким Кардашијан? Канје - на пари, Кендал - никако, Кајли - на цвеќе

Старлетата призна дека до носот ѝ допираат различен спектар од ароми, зависно од тоа дали е среќна, или, пак, со скршено срце. Истовремено, старлетата ги откри и телесните мириси на сопругот и сестрите.

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-1.png

Промовирајќи ги најновите парфеми од козметичката линија со нејзин потпис, ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“, даде прилично чудно интервју за магазинот „Тhe Cut“. Целиот разговор се врти околу аромите што само таа ги чувствува во окружувањето.

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-2.jpg

Меѓу другото, призна како ѝ мириса среќата, а како скршеното срце. Според темнокосата убавица, среќата има арома на гарденија, додека скршеното срце смрди на алкохол. Што се однесува до мирисот на сопругот, одговорот ѝ беше (не)очекуван.

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-4.jpg

Раперот не мириса ни малку обично. „Богато. Не можам точно да објаснам, но како богата личност. Мириса на пари. Не знам.“, низ смеа објасни Ким Кардашијан и додаде: „Тој мириса на нешто навистина скапо. Налик на луксузна кампања од Сен Лоран за парфеми.“

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-3.jpg

Иако не сме сигурни зошто господин Канје Вест би мирисал на „пари“, факт е дека ги има во изобилство. Според проценките, неговото лично богатство изнесува 250 милиони американски долари. А, брендот Yeezy во соработка со Adidas му вреди приближно 1.5 милијарди. Можеби тоа е тајната на неговата „богата“ арома.

А, што е со Кајли Џенер, која годинава се стекна со статус на најмлада милијадерка? Ако сопругот на старлетата мириса богато, дали истото важи и за неа? Одговорот е не. Таа тврди дека помалата сестра постојано мириса на еден од нејзините цветни парфеми, со ноти на гарденија и јасмин во составот.

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-5.jpg

Кендал Џенер, пак, нема мирис, што е добро според Ким. „Таа секогаш мириса свежо и чисто. Мириса на супермодел. Баш како што би помислиле дека треба да мириса.“. 

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-6.jpg

Од друга страна, Кортни Кардашијанмириса на природни продукти“, што и не е некакво изненадување, имајќи предвид дека е опседната со органска козметика.

Клое Кардашијан наводно мириса на „богати масла“, кои нејзината сестра ги опиша како „мошне овошни, но богати по арома“. 

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-7.jpg

За самата себе, пак, нескромно кажа: „Јас мирисам предобро!“. Обожава да експериментира со парфемите, во зависност од расположението.

kako-i-mirisa-semejstvoto-na-kim-kardashijan-kanje-na-pari-kendal-nikako-kajli-na-cvekje-8.JPG

Мистеријата за мирисите на семејството Кардашијан е конечно разоткриена. Ти благодариме, Ким!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...
Трикови со кои секогаш ќе мирисате убаво (дури и без парфем) Антибактериските сапуни може да го нарушат природниот баланс и да ги уништат кор...
„Ја најдов најдобрата копија на скап парфем во ZARA, за 125 евра е поевтин од оригиналот“ Кој парфем на ZARA мириса идентично со скапиот дизајнерски парфем на Yves Saint ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg