„Бев слаба и несреќна, се борев против потребите на моето тело“
Многу модели секојдневно се под притисок да изгледаат точно како што работата им наложува, или да носат точно одреден конфекциски број на облека.
Лиза Голден Бојвани е поранешен модел која на Инстаграм сподели потресна приказна за нејзиниот крај на борбата да се вклопи во стандардите на модната индустрија и идеалите кои ги имала за тоа како треба да изгледа.
Откако се откажала од оваа професија, Лиза се чувствува многу поубаво, но и посреќно, ослободена од идеалите на модната индустрија. Таа објаснува како почетокот на кариерата ѝ дал неверојатен наплив на адреналин, но потоа ѝ станало јасно дека е очајно тоа што секојдневно јаде едвај по 500 калории.
Потоа, решила да се ослободи од сето она и да се храни со тоа што ѝ е вкусно, наместо да ги следни строгите менија и да ја посакува секоја храна што ќе ја вид. Ситуацијата кулминирала кога на модната недела во Милано ѝ забележале дека изгледа дебело, а потоа на модната недела во Париз посакала да изеде чоколаден кроасан. Тоа било клучно да престане со диетата од 500 калории и да ја преиспита одлуката за работа во модната индустрија.
Понекогаш нејзиното дневно мени било само зеленчук варен на пареа, за да може да изеде количински повеќе храна, а сепак да го запази бројот на калории. Во тој момент ѝ било јасно дека дошол крај на манекенската кариера.
Две години подоцна решила дека сака повторно да биде послаба, па нашла многу поефикасен начин - режим на исхрана и многу вежбање. Сепак, навиката на крајот од денот да ги преброи изедените калории останала, но овојпат барем не е гладна.
„Денеска јас сум фит. Јадам и до 1.200 калории во текот на денот. Сепак, не сум доволно слаба за да можам да бидам модел на многу брендови. И да, среќна сум вака“, напишала таа на Инстаграм, во моментот кога одлучила дека е доста од старите навики.
Во меѓувреме повторно сакала да ослабне, но тогаш го сфатила најважното:
„Се мачев да изгубам некој килограм и тогаш ми светна... зошто се борам против своето тело? Зошто само да не го слушам? Да бидам природната јас, а не присилната јас.“
Со својата приказна таа сака да им порача на сите девојки дека модните писти и насловните страници не се идеал кон кој треба да целат, туку напротив, треба да бидат здрави и во форма, без оглед на тоа како изгледа нивното тело. Телото е за да се сака и Лиза ги охрабрува сите оние кои имаат некаков проблем, да ја прифатат својата убавина и да си го сакаат телото.
Денеска Лиза е обожавана од своите следбеници на Инстаграм и редовно споделува фотографии од себе.
Е. Д. | Црнобело