Виткање на косата со пластично шише и фен - Дали ќе ви успее?
Низ социјалните мрежи вирално се шири хит трик за виткање коса, со кој за многу кратко време ќе добиете нова фризура.
Со оглед на тоа што виткањето со фигаро или пегла може да биде многу мачно и да бара време, овој трик е идеален за многу девојки.
Техниката е многу едноставна – треба само да земете пластично шише и да го пресечете врвот, а од страна да направите засек вертикално.
Во шишето треба да ја ставите косата, а од страна да дувате со фен – и ќе добиете инстант локни.
Во видеото може да погледнете целосна демонстрација:
За една девојка, резултатите од видеото биле импресивни и ѝ изгледало на многу едноставна техника, па морала и сама да ја проба.
Таа го споделува нејзиното искуство:
„Почнав со празно шише, го исеков врвот и направив засек од страната за таму да влезе додатокот од фенот за насочување на воздух. Со оглед на тоа што косата ми е природно виткана, го пробав трикот на мојата другарка.
Првите резултати беа... нешто налик виткано, но повеќе како неуредно заплеткана коса:
Пробав повторно на другата страна, и пак, резултатите беа помалку од посакуваното:
На видео на друга девојка на која ова не ѝ успеало, во коментарите пишуваше дека косата треба да е мокра.
Секако, го пробав и тоа... и иако локната беше малку подобра, сепак падна веднаш штом ја допрев.“
И покрај оваа девојка, има уште неколку на кои овој обид не им успеал, за разлика од оние кои за неколку секунди постигнуваат совршен резултат.
Но, дали се работи за лажни туторијали во кои не треба да веруваме, или девојките правеле нешто погрешно?
Би се обиделе ли вие со овој трик да добиете совршена вризура за многу кратко време? Доколку да, внимавајте, тие советуваат дека шишето многу брзо се вжештува од фенот.
М. М. | Црнобело