Make up совети од Орифлеим - најефективна шминка за бринети, црвенокоси и русокоси
Не е секогаш лесно да се погоди она што е најдобро за вас, па затоа пробајте една од овие веќе проверени комбинации …Понекогаш шминкањето е навистина тешка задача, без разлика колку и да ви се чини дека може набрзина да се направи, тоа не е така. Полесно е ако знаете како треба тоа да го направите и како да ги вклопите нијансите.
Вака би требало да се шминкаат девојките кои сакаат шминката да им одговара на бојата на косата:
За бринети
Доколку сакате да ја вклопите кафеавата коса и неутралната шминка, почнете постепено. Не ставајте кафеаво руменило на образите, пробајте некое со розев тон што ќе ѝ даде свеж сјај на вашата кожа. Кога станува збор за очите, комбинирајте различни кафеави сенки и нанесете потемна боја по работ на капакот.
За русокоси
Бронзените тонови им стојат одлично на русокосите девојки. Спротивно на широко распространетото мислење, бронзерот не е наменет само за во лето, нанесете пригушен бронзен тен на образите и за време на постудените денови.
За црвенокоси
За Црвенокосите девојки изборот на шминка е тешка задача. Наместо стандардната розева и црна боја, попрво одлучете се за пригушени тонови. Розев и црвен кармин на усните со кафеав подтон ќе изгледаат подобро отколку само розев или црвен.
Денес, се повеќе жени на прашањето што е убавина, би одговориле… Убавината е среќа и претставува најизразената атрактивност на нашиот уникатен дух. Тоа се моментите што ни даваат чувствува на слобода и вистина. Тоа се моменти во кои се чувствуваме горди и посебни. Тоа се моментите во кои се чувствуваме живи. Се чини дека тој елемент е вроден и го има секоја жена. Нашите тела се едноставно школка која ни овозможува да зрачиме поради овие искуства и достигнувања. Ниту една култура или концепт, никогаш не може да ја дефинира убавината.
Затоа што, секоја жена е убава на свој начин!