Фризури со кои ќе издржите шест дена без миење на косата

Статистиката вели дека мноштво припаднички на понежниот пол се еколошки освестени, па штедат вода со немиење на косата. Ако се шегуваме. Причините на девојките се вообичаено недостатокот на време, желба, или, пак, енергија.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-1.png

Но, дури и во таквите денови може да изгледате убаво и средено. А, можно ли е една цела седмица? Постојат жени на кои им успева, така што мрсната коса и сувите врвови, вешто ги затскриваат со неколку трендовски фризури.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-2.jpg

Во што е нивната тајна? Сѐ е до планскиот распоред, како и правилната употреба на шампонот и средствата за нега на влакното. Ова се фризурите со кои ќе издржите шест дена без миење на косата:

Понеделник: Ден за миење

Може да ја измиете и исфенирате косата на фризер, или, пак, сами дома. Важно да е користите мала количина на шампон и само неколку капки средство за нега на влакното. Колку повеќе козметички производи употребувате, толку потешка ќе ви биде косата на крајот од седмицата.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-3.jpg

Вторник: Освежување со сув шампон

Еден ден по миењето, косата сѐ е уште ќе ви делува свежо. Сепак – може дополнително да ја освежите со сув шампон. Нанесете го директно на скалпот, па префрлете го патецот на друга страна. Така косата веднаш ќе добие волумен. На крајот направете си лежерна брановидна фризура.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-4.jpg

Среда: Неуредна плетенка

Време е да се подигне косата од лицето. Плетенката е мошне добро решение за немиената коса, затоа што не мора да биде уредна. Важно е да не ја допирате косата во текот на денот, бидејќи колку почесто го правите тоа, толку повеќе ќе губи на волумен и ќе се масти. Оставете ја плетенката и преку ноќ.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-5.jpg

Четврток: Полу-пунџа

Полека доаѓа моментот кога косата почнува да изгледа лошо. За среќа – сте спиеле со плетенката од средата. Сега расплетете се, така што ќе пуштате поединечни прамени, благо поминувајќи со прстите низ косата. Вашата брановидна фризура налик на морска сирена е идеална за полу-пунџа. Одделете го горниот слој на косата и врзете го на задниот дел од главата.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-6.jpg

Петок: Коњско опавче

Четири дена по миењето, може мрсната коса да ја искористите за мазно коњско опавче. Исчешлајте ја од коренот кон врвовите, па заврзете ја во цврсто спортско репче. Може и со балзам да ги измазните влакната што евентуално стрчат.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-7.jpg

Сабота: Заврзете и издржете

Во текот на викендот, за среќа, никој нема да ви земе за зло ако едноставно ја соберете косата и зацврстите со марама. Освен што е удобен, ваквиот стил ќе ви помогне да го издржите последниот ден пред миењето. Сѐ што ви треба е добар освежувач за коса.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-8.jpeg

Недела: Конечно миење

Успеавте! Може да ја измиете косата со разреден јаболков оцет, а потоа и шампон. Завршете со некое добро средство за нега на косата.

frizuri-so-koi-kje-izdrzhite-shest-dena-bez-mienje-na-kosata-9.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg