Еден едноставен трик за деколтето да изгледа и до 10 години помладо
Без разлика дали имате мали или големи гради, може да биде навистина тешко да најдете соодветен градник без прерамки. Како последица на тоа, деколтето може да изгледа непривлечно.
Иако девојките со мали гради се поголеми „среќнички“ кога се во прашање градниците без прерамки, тоа не значи дека и оние со поголем број на корпа. Но, добро избраниот модел на градник ќе им помогне и на повозрасните жени да го имаат деколтето од соништата.
Клучниот трик за пронаоѓање соодветен градник без прерамки
Обичните градници на кои им се вадат прерамките не се секогаш добар избор. За помлад и попристоен изглед, најдобро е да побарате градник кој е наменет да се носи без прерамки.
Разликата меѓу него и обичните градници е што во делот под градите е изработен од поцврст материјал, или пак има силиконска лента која се лепи на кожата и не дозволува градникот да „шета“ нагоре-надолу.
Токму ваквиот градник ќе ви овозможи да носите фустани и маички со разголен грб или корсети и маички без ракави и прерамки. Добро избраниот градник ќе ви реши многу од проблемите што би се појавиле доколку сами ги извадите прерамките на обичниот.
Најважно е да не запирате во потрагата и да бидете подготвени кога ќе го најдете вистинскиот градник, да потрошите макар и повеќе пари, знаејќи дека проблемот ви е решен во следните една до две години.
Е. Д. | Црнобело